Прага -13.02.26


Прага за Св. Валентин

(13.02  16.02.2026)

 

Прага – раскошната убавица, место со прекрасни пејзажи какви што нема никаде на светот. Сместена во срцето на Европа, плени со својата архитектура и традиција. Таа е значајна раскрсница на уметноста и науката. Главен град на Чешката Република, позната како златен град, град на стотици кули, град на мостови, град на пивото…

Лежи на брегот на реката В’лтава, најголемата река во Чешка, која градот го дели на четири дела (Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела меѓу кои се вбројуваат Бедриж Сметана, Антониј Дворжак, Франц Кафка.

BLACK FRIDAY цена: 299 € (18.540 ден.)

 

Редовна цена по лице: 459 

Факултативни излети:

  • Посета на Прашки град, Петрин и Мала Страна – 35 € по лице

 

** Влезници во останати објекти се со доплата.

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

– ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и се согласно моментална расположливост.

– Распоредот на активностите е подложен на промени согласно можностите и временските услови.

– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.

– Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.

– Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.

– Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.

– Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.

– Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата.

 

01 ДЕН (13.02.2026) СКОПЈЕ– ПРАГАПристигнување на аеродромот во Скопје два часа пред летот кој полетува за Прага во 14:20 часот и слетува во 16:35 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот и сместување во собите. По сместувањето, се упатуваме кон познатиот Староградски плоштад каде ќе ги разгледаме најзначајните знаментости. Следува посета на некоја од локалните пивници во градот. Во вечерни часови враќање во хотел и ноќевање.
02 ДЕН (14.02.2026) ПРАГА (Прашки град, Петрин и Мала Страна)
Појадок. По појадокот, се упатуваме кон величествениот Прашки град (или Прашкиот Замок), најголемиот антички замок во светот каде се наоѓаат катедралата Свети Витус, Кралската палата и живописната улица со мали историски куќи. По обиколка на замокот, се упатуваме кон Мала Страна (Малиот град), шармантна област со барокна архитектура. Ќе го посетиме и ѕидот на Ленон, што одразува почит кон Џон Ленон како симбол на мирот и слободата.
Во попладневните часови, прошетка низ ридот Петрин, кој нуди панорамски поглед на Прага. Тука е лоцирана и кулата Петрин, мини реплика на Ајфеловата кула. Можност за ручек во некоја традиционална чешка таверна во Мала Страна. Продолжуваме кон „Dancing house“ – познатата крива зграда во Прага како знак за слобода, каде се наоѓа и тераса со 360 степени панорамски поглед кон Прага, каде за денот на вљубените ќе уживаме во прекрасното зајдисонце и во некои од чешките традиционални пијалоци. Во вечерните часови враќање назад во хотелот и ноќевање.
03 ДЕН (15.02.2026) ПРАГА (Вишеград, Карлов Мост, Староградски плоштад)
Појадок. По појадокот, денот започнува со посета на паркот Вишеград, каде ќе уживаме во погледот кон Ротондата на Свети Мартин – еден од најстарите и најпрепознатливи архитектонски споменици на градот кој останува центар на внимание дури и во постудените денови. Продолжуваме во пешачка тура кон познатата зграда Dancing House – одлична локација за неколку добри фотки. Од тука, се упатуваме кон Карловиот Мост - прекрасна средновековна градба која нуди прекрасен поглед на реката Влтава и градот. Мостот го поврзува Стариот град со Малиот град (Мала Страна).
Продолжуваме кон Староградскиот плоштад каде е лоциран познатиот астрономски часовник, Црквата “Дева Марија пред Тин” и разни историски градби меѓу кои спаѓаат и Еврејскиот музеј кој ја крие долгата историја на градот. Во вечерните часови враќање назад во хотел и ноќевање.
04 ДЕН (16.02.2026) ПРАГА – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време организиран трансфер до аеродромот во Прага со пристигнување три часа пред летот кој полетува во 17:10 часот и слетува во Скопје во 19:10 часот.

Вклучено / Не е вклучено

  • Авионски превоз Скопје – Прага - Скопје
  • Аеродромски такси – подложни на промена
  • Рачен багаж - ранец (40cm×30cm×20cm)
  • Трансфери од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • 3 ноќевања во хотел на база ноќевање со појадок
  • Прошетка во Прага со водич
  • Трошоци за организација на патувањето
  • Картичка за локален превоз во Прага (72 часа) – 15 € по лице
  • Факултативни излети
  • Градска туристичка такса
  • Патничко осигурување (задолжително)
  • Индивидуални трошоци на патниците
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија