УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
- Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
- При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
- Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
– За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и се согласно моментална расположливост.
– Распоредот на активностите е подложен на промени согласно можностите и временските услови.
– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.
– Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.
– Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
– Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
– Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.
– Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата.
Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на SUPER TRAVEL и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.
Пристигнување на аеродромот во Скопје три часа пред летот кој полетува за Рим во 18:55 часот и слетува во 20:45 часот. Организиран трансфер до хотелот и сместување.
Вечера во еден од многубројните ресторани/пицерии каде ќе го прославиме денот на жената. После вечерата и прошетката враќање назад во хотелот. Ноќевање.
Појадок. После појадокот се упатуваме кон Колосеумот - најголемиот амфитеатар во Рим и светот. Бил изграден од царот Тит Флавиј Веспазијан кој го започнал во 72 г.н.е., а неговиот син царот Тит Флавиј Сабин Веспазијан го завршил во 80 г.н.е. Во Колосеумот се одржувале гладијаторски борби и борби помеѓу животни, а собирал до 55.000 гледачи.
После посетата на Колосеумот одиме кон Римскиот форум кој претставувал средиште на политичкиот, правниот, стопанскиот, културниот и религиозниот живот на Стариот Рим. Во времето на Стариот Рим форумот бил урбано место, денес личи на расфрлан збир од урнатини, но со извесна фантазија посетителите можат да си го претстават ова место и животот во некогашното Римското Царство. На наоѓалиштето сè уште се видливи остатоци од многу згради од различни периоди, храмови, базилики и триумфални сводови.
Од Римскиот форум се упатуваме кон Пијаца Венеција, плоштад лоциран во централниот дел на Рим. Се наоѓа на дното од Ридот Капитол близу Римскиот Форум. Во него доминира големиот споменик на Виктор Емануел Втори. Се посетува внатрешноста на палатата и потоа се искачуваме на Ридот Капитол од каде се пружа прекрасен поглед кон градот. Кратка пауза и слободно време. После паузата во вечерните часови групата има прошетка преку Ponte Garibaldi до областа Трастевере каде има вечера во еден од многубројните ресторани. После вечерата враќање назад во хотелот. Ноќевање.
Појадок. После појадокот одиме во посета на Ватикан познат и како Светиот град. Toa e најмалата независна држава на светот и по површина и по население. Ватикан е седиште на папата, кој претставува поглавар на Римо-католичката црква. Базиликата Свети Петар е соборна црква во Ватикан, посветена на апостол Петар и е најголемиот христијански храм во светот.
Кратка пауза и слободно време. После паузата во вечерните часови групата има прошетка преку Ponte Garibaldi до областа Трастевере каде има вечера во еден од многубројните ресторани. После вечерата враќање назад во хотелот. Ноќевање.
Појадок. После појадокот одјавување од собите. Слободно време за шопинг или прошетка во околината. Во договореното време организиран трансфер до аеродром во Рим со пристигнување три часа пред летот кој полетува во 19:40 часот и слетува во Скопје во 21:20 часот.
ВклучеНе е вклученоно /
- Авио превоз Скопје - Рим – Скопје
- Аеродромски такси – подложни на промена
- Рачен багаж – ранче (40cmх30cmх20cm)
- Трансфери од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
- 3 ноќевања во хотел на база ноќевање со појадок
- Пешачка тура низ Рим
- Трошоци за организација на патувањето
Не е вклучено
- Факултативни излети
- Градска туристичка такса
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци на патниците