Атина

Доживејте го 8-ми Март во Атина – вечниот град на боговите, историјата и модерниот медитерански дух. Акрополот, старогрчките легенди, живописните плоштади и неповторливата кујна ја прават Атина совршена дестинација за празнично бегство и незаборавен викенд.

Програма на патување

1.Ден 05.03.2026 (четврток) СКОПЈЕ 
Состанок на групата во 20:30 часот кај спортска сала Борис Трајковски. Поаѓање за Грција во 21:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица-Евзони, ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

2.Ден 06.03.2026 (петок) АТИНА
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор од патувањето. Вечерта можност за организирана вечера во грчка таверана со музика. Ноќевање. 

3.Ден 07.03.2026 (сабота)  АТИНА – КОРИНТ – ПЕЛОПОНЕЗ 
Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна. Враќање во хотел. Слободно време за одмор, вечерта препорачуваме ноќна прошетка во Атина или шопинг во Глифада. Ноќевање.

4.Ден 08.03.2026 (недела) СУНИОН
Појадок. Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Слободно време и заминување кон Македонија. Возење со гранични формалности и попатни паузи, пристигнување во доцните ноќни часови.

ПРОМО цена за комплетна уплата до 31.12.2025 -  134€/8.314ден
ПРОМО цена за пријава до 31.01.2025 - 149€/9.238ден
Редовна цена на аранжманот 169€/10.478ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација 
- Сместување во хотел 3* во Атина (Глифада или околина) во двокреветни соби 
- Организиран разглед на Атина со локален водич
- Организација, реализација и водство на патувањето со лиценциран туристички придружник 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса 5еур од соба од ноќ доплата на лице место 
- Факултативна екскурзија на Арголида-Пелопонез – 45е
- Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег – 15е
- Влезници за посета на локалитетите со водич (Акропол 20е, Микена 12е, Епидариус 12е, Посејдонов храм 10е)
- Патничко и здравствено осигурување
- Влезници по културно – историски споменици 
- Патничко осигурување
- Доплата за еднокреветна соба 50еур на цената на аранжманот 

Напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 45 патници.  
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 50% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба. 

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија