HOTEL TORONI BLUE SEA (OLD WING** & MAISONETTES) 2026

HOTEL TORONI BLUE SEA
(OLD WING** & MAISONETTES)

Ситонија, Халкидики

Торони има песочна плажа долга 2.5 километри. Таа е една од многуте плажи на Ситонија која го носи „синото знаме“, но без оглед колку и да се посетува ова место во текот на летото, никогаш нема толпа од луѓе. Чистата сино-зелена вода брзо се продлабочува за да можете практично да се нурнете од работ на водата и да доживеете освежувачки пад.
Локација: Хотелот е лоциран во непосредна близина на песочната плажа во Торони, една од најпопуларните песочни плажи на Ситонија.
Хотелски содржини: Рецепција, ресторан, отворен базен, бар на базен, бар на плажа, безжичен интернет (wi-fi), паркинг...
Сместување: Хотелот е организиран во два сместувачки дела од различна категорија.
Депанданс (Old wing ** +) кој содржи студија - соби на приземје, прв и втор кат. Собите се опремени со тераса/балкон, бања, мини бар, клима уред...
Мазонети се комплетно нови единици во хотелот (од 2024 г.) кои се опремени со 1 брачен кревет и 2 единечни кревети. Максималниот капацитет е 4 возрасни лица со дете до 5 години без кревет. Бања со туш кабина, фен и пешкири; мал фрижидер, клима уред, безжичен интернет, плазма телевизор.
Pool Bar: Досега, пристапот до просторот околу базенот беше целосно бесплатен. Почнувајќи од новата сезона, користењето на лежалките ќе остане бесплатно, но ќе биде воведен услов за минимална консумација. Нема да има утврден износ за минималната консумација - гостите едноставно ќе треба да нарачаат нешто по свој избор од
a-ла-карт менито од барот кај базенот (кафе, безалкохолен пијалак, сок...) додека ги користат содржините. Децата до 8 години се ослободени од ова правило.

Плажа: Песочна плажа со сопствен бар.
Услуга: Полупансион (појадок и вечера)
Напомена: Согласно категоријата, собите во "Old Wing" делот се чистат еднаш неделно (пред пристигнување на гостите). За одржување на собите, сервисирање на опремата и дополнителните услуги, гостите е потребо да се обратат до рецепцијата на хотелот, додека пак мазонетите се чистат секоја СРЕДА и НЕДЕЛА.

РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ ПОЧНУВААТ ОД 28.11.2025
 -20 % ПОПУСТ ЗА 
BLACK FRIDAY 
 -15 % ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ВО ПЕРИОД 01.12 - 31.12.2025 

Ценовник за смена (сабота-сабота)

Престој во термин:Услуга (Полупансион)DBL Economy (1/2+1)
приземје
DBL Standard (1/2+1) или (1/2+1+exb) 1 кат2B Apartment (1/2+1+exb)
приземје
MAISONETTE  1/2+2
23.05 - 30.05.20267 HB243  195 270 € 216 343 € 275 410  328 
30.05 - 06.06.20267 HB243  195 270 € 216 343 € 275 410  328 
06.06 - 13.06.20267 HB321  257 350 € 280 461 € 369 525  420 
13.06 - 20.06.20267 HB334  268 363 € 291 481 € 385 544  436 
20.06 - 27.06.20267 HB385  308 447 € 358 565 € 452 666  533 
27.06 - 04.07.20267 HB393  315 461 € 369 579 € 464 686  549 
04.07 - 11.07.20267 HB393  315 461 € 369 579 € 464 686  549 
11.07 - 18.07.20267 HB424 € 340 474 € 380 621 € 497 707  566 
18.07 - 25.07.20267 HB429 € 344 476 € 381 628 € 503 711  569 
25.07 - 01.08.20267 HB429 € 344 476 € 381 628 € 503 711  569 
01.08 - 08.08.20267 HB429 € 344 476 € 381 628 € 503 711  569 
08.08 - 15.08.20267 HB429 € 344 476 € 381 628 € 503 711  569 
15.08 - 22.08.20267 HB429 € 344 476 € 381 628 € 503 711  569 
22.08 - 29.08.20267 HB347  278 379 € 304 502 € 402 568  455 
29.08 - 05.09.20267 HB334  268 363 € 291 481 € 385 544  436 
05.09 - 12.09.20267 HB334  268 363 € 291 481 € 385 544  436 
12.09 - 19.09.20267 HB256  205 283 € 227 363 € 291 429  344  
19.09 - 26.09.20267 HB243  195 270 € 216 343 € 275 410  328 
Специјалната понуда важи за резервации до 30.11.2025 со уплата на 50% од износот на аранжманот.

Ценовник за смена (недела-недела)

Престој во термин:Услуга (Полупансион)DBL Economy (1/2+1)
приземје
DBL Standard (1/2+1) или (1/2+1+exb) 2 катMAISONETTE  1/2+2
24.05 - 31.05.20267 HB243  195 270 € 216 410 € 328 
31.05 - 07.06.20267 HB243  195 270 € 216 410 € 328 
07.06 -14.06.20267 HB334  268 363 € 291 544 € 436 
14.06 - 21.06.20267 HB334  268 363 € 291 544 € 436 
21.06 - 28.06.20267 HB393  315 461 € 369 686 € 549 
28.06 - 05.07.20267 HB393 € 315 461 € 369686 € 549 
05.07 - 12.07.20267 HB393  315 461 € 369 686 € 549 
12.07 - 19.07.20267 HB429  344 476 € 381 711 € 569 
19.07 - 26.07.20267 HB429  344 476 € 381 711 € 569 
26.07 - 02.08.20267 HB429  344 476 € 381 711 € 569 
02.08 - 09.08.20267 HB429  344 476 € 381 711 € 569 
09.08 - 16.08.20267 HB429  344 476 € 381 711 € 569 
16.08 - 23.08.20267 HB429  344 476 € 381 711 € 569 
23.08 - 30.08.20267 HB334  268 363 € 291 544 € 436 
30.08 - 06.09.20267 HB334  268 363 € 291 544 € 436 
06.09 - 13.09.20267 HB334  268 363 € 291 544 € 436 
13.09 - 20.09.20267 HB243  195 270 € 216 410 € 328 
20.09 - 27.09.20267 HB24 195 270 € 216 410 € 328 
Специјалната понуда важи за резервации до 30.11.2025 со уплата на 50% од износот на аранжманот.


ПОПУСТИ и ДОПЛАТИ:
Во соба DBL (1/2+1): за 1 дете 0-11,99 г. -100% / за 2 дете 2-5,99 г (без кревет) 105 € / за 3 возрасен 12+ г. -30%

Во соба DBL (1/2+1+exb) или 2B Apartment (1/2+1+exb): за 1 дете 0-11,99 г. -100% / за 2 дете 2-5,99 г. -100% / за 2 дете 6-11,99 г. -50% / за 3 возрасен 12+ г. -30% и 4 возрасен 12+ г. -50% / за 3 дете 2-5,99 г. (без кревет) 105 
Во соба DBL Maisonette (1/2+2): за 1 дете 0-11,99 г. -100% / за 2 дете 2-5,99 г. -100% / за 2 дете 6-11,99 г. -50% / за 3 возрасен 12+ г. -30% и 4 возрасен 12+ г. -50% / за 3 дете 2-5,99 г (без кревет) 105 
 
Сoбите се наоѓаат во анекс зградата на хотелот "Old Wing" **+ и во новиот дел "Maisonettes"
  • DBL Economy (2+1) приземје и DBL Standard (2+1) 1 и 2 кат  (Капацитет до 3 лица: 1 двоен + 1 единечен кревет или 3 единечни кревети, тоалет)
  • DBL Standard (1/2+1+exb) 1 и 2 кат (Капацитет до 4 лица: 1 двоен + 1 единечен кревет + помошен кревет, тоалет)
  • DBL 2B Apartment (1/2+1+exb) приземје (Капацитет до 4 лица: 1 соба со двоен кревет + 1 соба со софа до две лица, тоалет)
  • DBL Maisonette (1/2+1+exb) приземје  (Капацитет до 4 лица: 1 двоен + 2 единечни кревети на галерија, тоалет, тераса)

Maisonettes се сместени веднаш до главната зграда на хотелот Toroni "Old Wing" **

Туристичка такса во Грција за 2026 (Април - Октомври)
*Цената е изразена од соба по ноќевање*

Хотел 1* и 2*:                             2,0 €
Хотел 3*:                                    5,0 €
Хотел 4*:                                  10,0 €
Хотел 5*:                                  15,0 
Апартмани/Студија:                2,0 €
Вили:                                8,0 / 15,0 €

Легенда: HB - полупансион (појадок и вечера)
Цените се дадени по лице, за сместување на минимум 2 возрасни лица во соба.
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
 * Сместување во избраниот хотел со услуга по избор според табелите, и тоа 7 полупансиони (појадок и вечера). 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
 * Туристичка такса која се плаќа на рецепција по пристигнување (check in) во објектот.
 * Доплата за дополнително дете 
2-5.99 години во соба - 105 € (7 полупансиони)
 Можност за сместување на второ дете (без кревет) во соба 2+1 или на трето дете (без кревет) во соба 2+1+еxb, со претходна најава во хотелот.
 * Превоз до местото на избраниот хотел во Грција (на барање, со доплата, може да се организира превоз до хотелите). 
 *
 Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).
 * Услуги како користење лежалки и чадори на плажа итн. не се вклучени во цена, освен ако е наведено поинаку во деталните описи на хотелот  
 * Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци.... 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1 ден: Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент или советник за патување. Влез во објектот по 14:00 часот или во време во договор со домаќинот. Ноќевање.
2 - 7 ден: Престој во објектот со избраната услуга за аранжманот. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции  и културно-историски локалитети. Ноќевање.
8 ден: Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.


АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 
Цена на повратен автобуски превоз: 55 € по лице | 40 € за деца 2-11,99 г.
Во период од 23.05 - 19.09.2026 за смена (САБОТА - САБОТА)

Mеста и сатници на поаѓање:
- Скопје, во 04:00 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Велес, во 04:30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во 05:00 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во 05:30 ч.  (бензиска пумпа "Shell")
- Гевгелија, во 06:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција: 
- Истиот ден попладне.

- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.  
- Избор на место за седење во автобус е можно, само со доплата од 10 € по патник, не вклучувајќи ги местата од првиот ред резервирани за персоналот. 
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж. 
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.  
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ 
Редовните цени и цените со попуст, се објавени во ценовникот бр.1 со важност до 30.11.2025 година, или до објава на нов ценовник. 
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот 
 за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 

Корисни информации 
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековната достапност на собите (генерално сместувањето се врши по 16:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот); 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. 
* Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. 
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.  

* Tретиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа. 
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и   локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат; 
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.  
* Секоја промена на веќе потврдена резервација, се наплатува како дополнителен манипулативен трошок од 15 € . 
* Секое такво барање за промена на резервација: број на лица, тип на сместување, или термин на патување, мора да биде доставено во писмена форма.  

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, во моментот на регистрација и потврда на резервацијата.  
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени  
во резервациите и во договорот за услуги. 

Услови на плаќање 
Во случај на резервации со превоз или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин: 

1. За резервации со попуст (рани попусти - EB): 
- Попустот за рана резервација важи за ограничен број на соби, до датумот објавен во табелата или до повлекување на понудата!
- При резервација e потребна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот-резервацијата.
 
- Доплатата на вкупниот износ од договорената цена, се врши до 3 недели пред датумот на патување. 

Уплатениот износ од 50% не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.

2. За резервации по Општа понуда - со редовни цени (освен EB и LM) 
- 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата, 
- 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање, 
- 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање; 

3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), резервација ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите; 

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите  
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за  
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).  
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве: 
- за отказ  до 30 дена пред патувањето 30% 
- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50% 
- за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80% 
- за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90% 
- за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%. 
За износот на отказните 
трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,  
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа. 

НАПОМЕНА: 
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа 
уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата. 
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија