Villa M&B Suites 2026

ЛЕТО 2026 Јерисос

 вила M&B Suites

 

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулијани.

 

Вила M&B Suites се наоѓа во мирен дел на градот на само 50 метри од градската плажа. Вилата располага со трикреветни студија со дополнително легло. Сите соби се луксузно опремени со најнов инвентар. Комплетно опремена кујна, клима (вклучена), сопствено купатило опремено со сите средства за лична хигиена, тераса и сопствен паркинг.

 

Студио бр.1 - располага со голем брачен кревет и софа. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години или 3 возрасни лица. (Purple color/front)

Студио бр.2 - располага со голем брачен кревет и дупла софа. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години или 4 возрасни лица. (Dark green color/front)

Студио бр.3 - располага со голем брачен кревет и дупла софа. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години или 4 возрасни лица. (Dark blue color/back)

Студио бр.4 - располага со голем брачен кревет и дупла софа. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години или 4 возрасни лица. (Turquoise color/back)

 

BLACK FRIDAY 15% ПОПУСТ

на цените во табелата (минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026

BLACK FRIDAY ЦЕНИТЕ важат за резервации направени во периодот 26.11.2025 – 10.12.2025

 

 

                                              

Термин

Ноќевања

1/4 студио

31.05

7 ноќи

350 

07.06

7 ноќи

390 

14.06

7 ноќи

450 €

21.06

7 ноќи

490 €

28.06

7 ноќи

590 

05.07

7 ноќи

730 

12.07

7 ноќи

830 

19.07

7 ноќи

930 

26.07

7 ноќи

1040 

02.08

7 ноќи

1040 

09.08

ноќи

1040 

16.08

7 ноќи

1040 €

23.08

7 ноќи

1040 

30.08

7 ноќи

870 €

06.09

7 ноќи

690 €

13.09

7 ноќи

590 €

20.09

7 ноќи

490 €

27.09

7 ноќи

400 €

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија