СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 8 МИ ДЕКЕМВРИ 2025 - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - КАПАДОКИЈА СО АНКАРА И ИСТАНБУЛ

КАПАДОКИЈА СО АНКАРА И ИСТАНБУЛ

КАПАДОКИЈА СО АНКАРА И ИСТАНБУЛ

Опис

Ако постои бајка за магична земја од глина,веројатно ќе изгледа како Кападокија.Регионот е во централна Турција и е познат по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилиштa. Вулканските ерупции и ерозијата, десеттици милиони години ги создавале овие пејасажи, кои изгледаат како природата да си поиграла со магично стапче!

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 01.11 – 189евра ( 11,720ден)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 250евра ( 15,500ден)

Прв ден 04.12.2025 

Поаѓање околу 10:30 часот од Кочани.Попатно зимаме патници од Скопје,Велес,Св.Николе,Штип,Кочани,Виница,Каменица,Делчево.  Патуваме преку Република Бугарија, со попатни паузи и царински формалности.

Втор ден 05.12.2025 

Пристигнување во Анкара во утринските часови. Посета на мавзолеот на Ататурк (таткото на модерна Турција). Анкара во Турција е место кое задолжително треба да се посети кога патувате во Турција. На модерниот град Анкара е добро познат по своите музеи и антички локалитети. Слободно време во Анкара 1 час. Потоа се упатуваме кон Соленото Езеро TUZ GOLU кој што е 2 часа пат од Анкара до Соленото Езеро. Единствена атракција во Европа, ако имаме среќа може да ги видеме и фламингосите кои што се појавуваат од време на време. Задржување во Соленото Езеро 1 час. Потоа се упатуваме кон најпозната фабрика за вино Турасан околу пола час. Се упатуваме кон хотелот сместување во хотел*** во градот Урѓуп. Некаде по попладневни часови 17.30 одиме кон Дервиши и ритуалот Сема. Потоа враќање во хотел. Одмор во хотел. И потоа Ноќна обиколка на градот Аванос во 19:45 – Кападокиска Венеција. Слободно време за разглед 1:30 минути. Потоа пауза за ноќни слики на Долината на Камилите, и ноќни слики на реонот со трите убавици. Враќање во хотелот околу 22:30 часот. Ноќевање.

Трет ден 06.12.2025 
Факултативно и со дополнителна наплата, лет со балон над Кападокија (заминување во  04:30 часот). Покрај пистата се посетува и долина на љубовта каде што бевме сведоци на неколку запросувања, таму може да се напиете свежо исцеден сок од калинка од нивното поднебје. Ако временските услови не се добри летањето со балон се одложува.(ветар) Само кога има добри временски услови се реализира летањето со балон. Цената вклучува трансфер, шампањ, осигурување и сертификат. Кападокија се смета за најимпресивно и највозбудливо место за летови со балон). Факултативно, можете да изберете и трансфер до аеродромот од каде што полетуваат балоните(15евра) тоа е околу 04:30 наутро. Враќање во хотел и појадок. Појадок од 07:00 до 07:30. И во 07:45 часот заминуваме на панорамска обиколка. Се оди Долината на Гулабите (15 мин пауза за сликање) , се оди во фабриката за кожи каде што има ексклузивни производи од кожа и се приредува модна ревија. Потоа се оди во продавница за маслени парфеми ( парфеми од масло) и природна козметика. Индивидуална слободна прошетка во градот Учисар со неговата тврдина, од која човечкиот поглед може да ја опфати целата магија на околниот пејзаж од 1 час време. После разгледот на градот учисар имаме фото пауза со Камили од 15 минути. Од таму заминуваме во фабриката за преработка на Оникс каде што е правен накитот на Хурем Султан. Потоа се упатуваме во подземна продавница за изработка на глинени предмети кои светат во мрак. Од како се заврши сето тоа , имаме посета на Ѓореме.  Поаѓање кон хотелот. Потоа одиме во 19:45 трансфер Јашар Баба ресторант , автентичен, пештерен, најголем и најстар во регионот. Ноќевање.

Четврт ден 07.12.2025 (сабота)
Појадок од 05:30 наутро. Во 06:00 часот поаѓаме за Истанбул. Пристигнување во Истанбул и се упатуваме кон хотелот за сместување на патниците. Во 18:30 Ноќен Истанбул со посета на Venezia Mall или вечера на брод по босфор. 

Петти ден 08.12.2025 (недела)

Појадок од 07 до 08 часот наутро.

Во 08:30 тргнуваме кон продавницата Коска. Еден од најстарите брендови за десерти. Слободно време пола саат. И потоа се упатуваме кон најразновидниот аквариум Florya кој нуди разглед на разнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума.Во склоп на аквариумот има шопинг центар кој има продавници од секаква категорија. Покрај аквариумот и шопинг центарот има прекрасно крајбрежје со прометно шеталиште покрај морето. Во 12:00 тргнуваме и попатно пред граница застануваме во реонот Едрене маркет за слатки работи,козметика по пристапани цени. Пола саат се задржуваме таму и тргнуваме кон Македонија.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Превоз со високо туристички автобус;
• 2 ноќевања со појадок во Кападокија
•1 ноќевање во Истанбул
• Фото пауза и посета на Тузѓол или Соленото Езеро;
• Панорамска тура низ Анкара со посета на Мавзолејот на Ататурк;
• Панорамска тура низ Кападокија;
• Богата туристичка програма по должината на рутата;
• Водич-придружник;
•Посета на продавница Коска
•Посета на трговски центар Florya
•Во текот на патувањето бесплатна вода и кафе.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Автентичен дервишки ритуал со танц Сема – 30 евра;
• Трансфер до летачките балони – 15 евра;
• Возење со балон над Кападокија – околу 240 евра од лице
•  Посета на подземниот ресторан „Јашар Баба“ со богата фолклорна програма
(Менито вклучува овошни салати, јаткасти плодови и пијалоци, локално производство неограничено) – 40 евра,
деца од 5 до 11,99 години – 25 евра;
•  Ноќна тура низ градот Аванос – 10 евра;
•  Venezia Mall – 10e
• Специјална вечера на брод по босфор со целосно мени и шоу програма – 55евра
• Аквариум Флора влезница 30 евра

ДВЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ФАКУЛТАТИВИ


Поаѓањата за и од таму и паузите по патот можат да имаат измени зависност од потребите на патувањето. Тоа го одредува агенцијата.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија