СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА 2026 - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - Скандинавски престолнини 10.04.2026

Скандинавски престолнини 10.04.2026

Скандинавски престолнини

                                                                Малме – Копенхаген – Хелсингор - Гетеборг – Осло – Оребро - Стокхолм

                                                                                                     10.04.2026 - 14.04.2026 по лице €639.00

Детали за турата

  • Локација

    КОПЕНХАГЕН - Главниот град на Данска и еден од најубавите, најорганизирани и најживи градови во Европа. Копенхаген е модерен, зелен и дизајнерски град, често рангиран меѓу најдобрите во светот по квалитет на живот.


    ГЕТЕБОРГ - Вториот по големина град во Шведска, познат по својата поморска историја, зелени паркови, пријателски дух и вкусна храна. Гетеборг често го нарекуваат „поопуштениот брат“ на Стокхолм, бидејќи е град со помалку формалност, повеќе топлина и хумор, каде жителите се познати по својот пријателски и духовит карактер.


    ОСЛО - Главниот град на Норвешка е познат по својата комбинација на модерна архитектура, природа и богата културна сцена. Овој град, еден од најстарите градови во Скандинаија, денес е пример за одржлив урбан развој — полн со паркови, велосипедски патеки и културни центри.


    СТОКХОЛМ - Главниот град на Шведска, град на острови, мостови и бескрајна скандинавска елеганција. Денес е модерен, зелен и уреден град, каде старото се меша со новото — средновековни улички стојат веднаш до современи стаклени згради.

  • Програма

    1 ден

    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:45 часот. Полетување за Стокхолм во 05:45 часот, слетување во 09:00 часот. Организиран панорамски разглед на Стокхолм: кралската резиденција Drottningholm Palace и градините; градското Собрание, каде што секоја година се доделува Нобеловата награда; Стариот град и централниот остров Gamla Stan каде што е старата кралска палата; главниот плоштад Stortoget во старото градско јадро, каде што се наоѓаат Шведската Академија и Нобеловиот музеј. Сместување во хотел. Ноќевање.

     

    2 ден

    Појадок. Факултативно, крстарење под мостовите на Стокхолм. Факултативно, патување со брод до островите на Архипелагот во Стокхолм. Поаѓање за Оребро (околу 4 часа). Сместување во хотел. Ноќевање.

     

    3 ден

    Појадок. Организиран краток разглед на градот - Stortorget – главниот плоштад, Оребро замок, кратка прошетка низ стариот град. Поаѓање за Осло (околу 3 часа). Организиран разглед на Осло: Aksershus замок,
    Rathuset – градско собрание и место на доделување на Нобеловите награди; Карл Јохан – главна улица со Националниот Театар, парламент и кралска палата, Park Vigeland и Frogner, Holmenkollen – скијачка патека и панорама. Сместување во хотел во Осло. Ноќевање.

     

    4 ден

    Појадок. Поаѓање за Гетеборг (околу 2 часа). Организиран разглед на Гетеборг: плоштадот Густав Адолф; Градското собрание, Stortorget и Domkyrkan, кралските градини Kungsparken, стариот холандски кварт „Хаг“ и Gotaplatsen плоштадот; Nordstan – најголемиот шопинг центар во Скандинавија. Поаѓање за Хелсинборг. Сместување во хотел во Хелсинборг. Ноќевање.

     

    5 ден

    Појадок. Патувањето продолжува со фери брод до Хелсингор каде што ќе има околу 1 час да се разгледа замокот од Шекспировата драма Хамлет. Поаѓање за Копенхаген (околу 1 час). Организиран разглед на градот: катедралата на Копенхаген, каде што се наоѓа Универзитетот, како и Rundetaarn (Округлата кула) - стара опсерваторија; Rådhuspladsen - градскиот плоштад и градското собрание; Christiansborg Palace – актуелниот дански парламент; Rosenborg Palace – кралска палата со колекција на крунски накити; Amalienborg – резиденција на кралската фамилија; Frederick’s Church – впечатлива барокна црква; Малата сирена – позната статуа инспирирана од Ханс Кристијан Андерсен; Nyhavn – пристаниште со шармантни кафулиња и шарени згради, посета на Carlsberg фабриката. Поаѓање за Малме преку Oresund мостот. Посета на стариот дел од Малме. Трансфер до аеродром, Директен лет Малме – Скопје во 21:20. Пристигнување во Скопје во 23:55.

  • Вклучено

    • Авионска карта Скопје – Малме - Стокхолм - Скопје со Wizz Air
    • Аеродромски такси
    • Бесплатен багаж 40x30x20 cm (едно парче)
    • 4 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
    • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
    • Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
    • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
    • Локален водич во Стокхолм на одредени места од програмата
    • Туристичка такса

  • Не е вклучено

    • Сè што не е наведено во програмата
    • Влезница за во објектите и културно-историски споменици
    • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

  • Општи услови и информации

    Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија