МИЛАНО е модната и економската метропола на Италија, позната по својата елеганција, динамика и богато културно наследство. Градот спојува историски знаменитости со современа архитектура, луксузни бутици и жива урбана сцена. Милано е центар на модата и дизајнот, каде луксузните брендови, современите уметнички простори и гастрономијата создаваат космополитска атмосфера. Покрај луксузот, градот нуди богата историја, прекрасни плоштади и цркви, како и уметнички дела од светска важност.
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18:00 ч. Поаѓање од Скoпје во 20.15 часот со директен лет на WizzAir. Пристигнување во Милано во 22:25 часот. Сместување и ноќевање во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организирана посета Милано – заокот Сфорца, плоштадот и катедралата Дуомо – најголемата готска катедрала во светот, галеријата Виторио Емануеле – првиот трговски центар, Ла Скала операта. Поаѓање кон езерото Комо (околу 1 час). Прво застанување во Комо, предвидено слободно време за разглед е 1 час. Поаѓање кон Кормајер – Вале д’Аоста. Сместување и ноќевање во хотел во близина на Аоста.
3 ден
Појадок. Слободен ден за индивидуални активност и скијање. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Поаѓање кон Торино. Разглед на градот – Piazza Castello, Palazzo Reale, Palazzo Madama, Via Roma & Via Po, Mole Antonelliana & Museo Nazionale del Cinema, Quadrilatero Romano, средовековно село со автентичен стар изглед. Трансфер до аеродромот во Милано. Поаѓање во 23:45 часот од Милано. Пристигнување во Скопје во 01:05 часот.
• Авионска карта на релација Скопје – Милано - Скопје со Wizz Air• Аеродромски такси• Бесплатен багаж 40x30x20 cm• 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата• Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно• Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус• Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој• Туристичка такса
• Сѐ што не е наведено во програмата• Влезница за во објектите и културно-историски споменици• Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот• Карта за со фери брод Tremeso – Bellagio – Mannagio - 25€
Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.