СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА 2026 - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - Велигден во ГРУЗИЈА 09.04.2026

Велигден во ГРУЗИЈА 09.04.2026

Велигден во ГРУЗИЈА

 

09 април  СКОПЈЕ - СОЛУН- КУТАИСИ

Состанок на групата во 13.30 часот пред хотел Бристол. Пристигнување на аеродромот во Солун. Полетување за Кутаиси во 21.20 и пристигнување во 00.55 часот локално време. Трансфер и сместување во хотел во Кутаиси. Ноќевање.

 

10 април  KУТАИСИ – САГУРАМО – МЦХЕТА - ТБИЛИСИ

Појадок. Панорамски разглед на Кутаиси Започнувајќи од градинскиот булевар Кутаиси, кој е шармантна оаза каде посетителите можат да се релаксираат, совршен спој на природата, историјата и локалната култура. Посета на Драмскиот театар и Театарот за опера и балет. Театарот за опера и балет зрачи софистицираност со своите неверојатни скулптури и кралски дизајн од светска класа. Во близина на брегот на реката Риони е сместена резиденцијата на кралот Окрос Чардахи, некогашен дом на моќниот владетел, извонреден пример за архитектонска величина и антички грузиски дизајн. Следи посета на милениумската катедрала Баграти, ремек-дело на средновековната грузиска архитектура од 11 век која со својата структура во облик на купола и сложено дизајнирани фрески. Посета на винаријата Гурамшвили Марани во Сагурамо каде ќе се дегустира традиционална храна и локални вина. Патувањето продолжува до градот Мцхета каде се посетуваат катедралата Светицховели (тука ќе се направи поклонување на гробот на отецот Гаврил Грузиски), манастирот Жвари, Женскиот манастир и базиликата Антиохија со долга христијанска историја. Пристигнување во Тибилиси. Сместување во хотел. Време за слободни активности. Ноќевање.

 

11 април ТБИЛИСИ – АНАНУРИ – ГУДАУРИ – КАВКАЗ- ГЕРГЕТИ

Појадок. Факултативна посета на комплексот Ананури, средновековна тврдина. Посета на Гудаури, бескрајна планинска убавина на Грузија. Пристигнување во Казбеги, набљудување на водопадите и снежните врвови на Кавказ. Возење со теренски џипови до планината Гергети. Црквата Троица Гергети, сместена високо на падините на планината Гергети на 2.170 метри е врвот на оваа авантура. Црквата, со своите камени ѕидови и иконската силуета наспроти високиот Казбек е симбол на грузиската вера и наследство. Ручек од грузиската традиционалната кујна во познатиот ресторан Guramishvili’s Marani. Разглед на областа Кеви. Враќање во хотел. Слободно време за прошетка. Ноќевање.

 

12 април  ТБИЛИСИ

Појадок. Локална прошетка низ Тбилиси која започнува со посета на црквата Метехи, со богата кралска историја од која може да се ужива во панорамскиот поглед на Тбилиси. Низ паркот Рике следи возење со жичарница до тврдината Нарикала, популарна туристичка атракција, совршено место за фотографирање. Прошетка до кањонот Легвтахеви, старите населби на Тбилиси, познати по лековитите сулфурни бањи, улиците Шардени и Ерекле II, плоштадот Мајдан, Мостот на мирот и авенијата Руставели, позната по уметничките галерии, продавници за сувенири, автентични кафулиња и ресторани. Попладне за слободни активности. Организирана вечера со фолклорна претстава. Ноќевање.

 

13 април ТБИЛИСИ – ГОРИ – МУЗЕЈОТ НА СТАЛИН – ГЕЛАТИ – КУТАИСИ

Појадок. Oдјавување од хотелот. Посета на регионот Картли, познат како политички, културен и историски центар на земјата, лулка на грузиската цивилизација. Посета на градот Гори, прошетка низ средновековната тврдина Цхра-кара Деветкарата, со камена структура, која била од стратешко и воено значење за Грузија за време на нејзината средновековна историја. Кратка прошетка до музејот на Ј.В.Сталин кој дава детална слика за ликот и животот на Сталин, влијателна и поларизирачка историска личност. Поаѓање кон Кутаиси и посета на Академијата Гелати и Манастирскиот комплекс, светско наследство на УНЕСКО. Пристигнување кон аеродромот во Кутаиси и лет во 20:30 часот. Пристигнување во Солун во 21:20 часот локално време. Трансфер до Скопје.

попуст за уплати до 20.12.2025:  799 € / 49.540 мкд 

Цена на аранжманот: 849 евра (52.640 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Организиран трансфер Скопје-Солун-Скопје

Авионски превоз Солун – Кутаиси – Солун

Кабинска торба со димензии 40х30х20цм до 10кг

Аеродромски такси

Хотелско сместување so 3* на база 4 ноќевања со појадок

Организиран превоз за сите денови за сите излети;

Организација на аранжманот, локален лиценциран водич на англиски јазик и лиценциран придружник на патувањето на македонски јазик

Влезница за посета на музејот на Ј.В.Сталин

Превоз со теренски џипови на планината Гергети;

Посета на винарија со храна и вино

Фолклорна вечера

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Факултативна посета на Казбег-Гудаури со ручек 80 Еур

Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг/ 20кг (инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

Туристичка такса 1.240 - се плаќа во агенција

Доплата за еднокреветна соба 8.060 мкд

Патничко – здравствено осигурување

Лични трошоци

  

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби. Дете до 2 години се сместува бесплатно. Деца на возраст од 2 до 5 години плаќаат 40% од аранжманот.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 16 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.A. SUPER TRAVEL

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија