Вила Савас - Дасиа 2026

Лето 2026 Крф-Вила Савас


Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. 2014-та година ни започна авантурата на Крф што значи дека 2024-та е годината која сме 10 години организатори на летување на остров Крф во Ипсос и Дасиа, декадна бројка што не е за потценување. . Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. Оваа година за вас имаме вила со базен во Дасиа на 80 метри до плажа со приватен базен и приватен паркинг. Резервирајте по Black Friday цена, попусти од 20-25% од лице.

Дасиа се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Дасија е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор . Опкружена е со продавници за изнајмување автомобили, продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, а еден од најпознатите барови познати по вкусната храна и атрактивните лежалки е Malibu Beach.

BLACK FRIDAY  20% ПОПУСТ

на цените  во табелата (со минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/2  СТУДИО, ТРИ ЛИЦА ВО 1/3 СТУДИО И ЧЕТИРИ ЛИЦА ВО 1/4 АПАРТМАН

*Дадените цени во табелата се по лице со вклучен превоз

Термин

1/2 студио

1/3 студио

1/4 апартман

29.05-05.06.2026

124€ 99

118€ 94

106€ 85€

05.06-12.06. 2026

136€ 109

130€ 104

119€ 95€

12.06-19.06. 2026

161€ 129

155€ 124

144€ 115

19.06-26.06. 2026

224€ 179

206€ 165

186€ 149€

26.06-03.07. 2026

   261€ 209€

236€ 189

224€ 179€

03.07-10.07.2026

336€ 269€ 

319€  255

299€  239€

10.07-17.07.2026

336€ 269€ 

319€  255

299€  239€

17.07-24.07.2026

336€ 269€ 

319€  255

299€  239€

24.07-31.07.2026

361€ 289€ 

344€ 275

324€ 259€

31.07-07.08.2026

361€ 289€ 

344€ 275

324€ 259€

07.08-14.08.2026

361€ 289€ 

344€ 275

324€ 259€

14.08-21.08.2026

336 269€ 

319 255

299 239€

21.08-28.08.2026

336 269€ 

319 255

299 239€

28.08-04.09.2026

286 229€ 

269 215

249 199€

04.09-11.09.2026

274 219€ 

  265  205

236 189€

11.09-18.09.2026

249 199€ 

231 185

211 169€

18.09-25.09.2026

211 169€

194 155

174 139€

25.09-02.10.2026

161 129€

144 115

124€ 99

 

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО

Savvas Apartments се наоѓа во Дасиа, на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите на вилата. Објектот има двокреветни и трокреветни студиа и четворокреветни  мазонети. Сите се опремени со сопствена  кујна, тоалет со туш, терас, Wi-Fi. На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постојка и прекрасниот добро понат Summer Beach Malibu. За сите оние кои би патувале со сопствено возило вилата има бесплатен приватен паркинг. Климата се доплаќа  6 евра од ден кај газдите на вилата.

Соба бр.9- Собата се наоѓа на приземје и има поглед на базен. Двокреветна соба (студио) со брачен кревет, мини кујна, посебен тоалет и кујнски прибор со тераса.

Соба бр. 11 - Собата се наоѓа на приземје. Трокреветна соба со една посебна соба каде што се наоѓаат 2 поединечни кревети во една соба и еден кревет кој што се наоѓа во кујната. Собата има поглед на задната страна на вилата (поглед на градина) веднаш до соба бр.10. 

Аппбр. 12 - Апартманот се наоѓа на 1 спрат. Четворокреветен апартман (дуплекс), со еден брачен кревет кој што се наоѓа во едната соба и 2 поединечни кревети кој што се наоѓаат во другата соба. Има 2 тераси од двете соби. Мини кујната се наоѓа во ходникот со кујнски предмети и посебен тоалет. Има поглед на базен.

Собабр.13- Собата има 2 поединечни кревети и се наоѓа на прв спрат. Собата има поглед на задната страна на вилата (поглед на зеленило). Посебен тоалет, мини кујна во ходникот со кујнски предмети. (Во тоалетот нема прозор).

Соба бр. 14 - Се наоѓа на прв кат, на задната страна на вилата со посебен влез (скали). Двокреветна соба со 2 поединечни кревети со тераса која што излегува од собата и има поглед на зеленило, дрвја… Мини кујната се наоѓа во ходникот со кујнски предмети и веднаш до неа е тоалетот.

Апп бр. 15 - Апартманот се наоѓа на втор спрат. Апартманот има 2 тераси кои што излегуваат од двете соби во апартманот со поглед на базен. Во едната соба се наоѓа кујната и 2 посебни кревети. Во другата соба се наоѓа брачниот кревет и еден дополнителен кревет кој што може да се користи за дете до 12 год. Апартманот е опремен со кујнски предмети и посебен тоалет. Во апартманот може да престојуваат 4 или 5 лица.

Соба бр.16Собата се наоѓа на втор спрат со еден брачен кревет и тераса со поглед на пат. Во ходникот се наоѓа мини кујната и веднаш до неа тоалетот.

Соба бр. 17 - Собата е студио, се наоѓа на 2 спрат со 2 поединечни кревети и тераса со поглед на пат. Мини кујната е во самата соба веднаш до тоалетот.

Мала куќичка веднаш до основната зграда, каде што има скара, детски играчки и мало заедничко дворче за два апартмани.

Стдуио бр. 1- Располага со еден брачен и еден единечен кревет, за 3 лица со опремена кујна со прибор и тоалет.

Бр 2. МАЗОНЕТ- Мазонетот-галерија. Располага со мини кујна, тоалет и еден брачен кревет, а со внатрешни скали се искачува на дел каде што има два единечни кревети. Во мазонетот може да престојуваат 4 лица. За на катот се препорачува да бидат деца, тинејџери, бидејќи тој ден е понизок.

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
  • 7 ноќевања / 8 дена
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престојот

 

 

Во цената не е вклучено:

  • Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)

·         Туристичка такса  2 евра на ден- која се плаќа задолжително во агенција

  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Клима уред

 

Факултативни излети:

Тура на север (Палеокастрица и Сидари)

Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата  Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.

Од овде се оди во  Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.

 

Глифада

Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

 

Крстарење

Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи најсеверната точка на островот. 

Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и  ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.

 

Крстарење Паксос и Антипаксос

 

Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.

Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.

Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови.

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: 

- Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
- Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба.
 Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
- Возрасен на дополнително легло има 30% попуст
- За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
- Поаѓањето
 со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата

НАПОМЕНА:

1. Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот. 
2. Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
 
3. За сопствен превоз цената се намалува за 20 евра (1200 денари) ПО ЛИЦЕ, од редовната цена.
 
4. Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
 
5. Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
 
6. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на
ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во  ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест.

 

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија