СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 🍁ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА 2025🍂 - ПАТУВАЊА ВО ДЕКЕМВРИ - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - КУРШУМЛИЈСКА БАЊА - хотел Планика 4*

КУРШУМЛИЈСКА БАЊА - хотел Планика 4*

❤️  КУРШУМЛИЈСКА БАЊА ❤️

 

Куршумлијска Бања е градска населна и бањско лекувалиште во општина Куршумлија.

Бањата се наоѓа во котлината на Бањска река, на 442м надморска висина и на 11км од Куршумлија.

Комплетно реновираниот хотелски комплекс Куршумлијска Бања е лоциран на падините на шумовитиот Копаоник. Лековитата моќ на термоминералната вода која овде извира е потврдена уште во времето на Римјаните, а денес достапна до Вас преку понудата на современиот медицински и велнес центар на хотелот „Планинка“. 

 

ТЕРМИН: 12.12-14-12.2025

ПРОМО ЦЕНА: 189 / 11.720МКД
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:209€ / 12.960МКД

 

12.12.2025 (Петок) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИЈСКА БАЊА

Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Русија (нас.Аеродром). Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности.

Пристигнување во Куршумлијска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*.

Слободно попладне за одмор и релаксирањес во СПА центарот на хотелот.

Вечера. Ноќевање.

 

13.12.2025 (Сабота) КУРШУМЛИЈСКА БАЊА

Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.

 

14.12.2025 (Недела) КУРШУМЛИЈСКА БАЊА – СКОПЈЕ 

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време  за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.30часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

·         Автобуски превоз на наведената релација.

·         Сместување во Хотел Планинка 4* во стандардни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса

·         Користење на отворено – затворен базен, полуолимписки базен, релакс базен со термална вода со температура од 33-35⁰C

·         Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, соба за релаксација

·         Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека

·         Туристичка такса

 

Ценатана аранжманот не вклучува:

·         Задолжително патничко осигурување.

·         Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)

 

Попусти и доплати:

·         Дете до 6.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет- бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170мкд

·         Дете 7-11.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло-50% попуст

·         Доплата за сместување во Апартман -20еур/ 1.240ден по лице за две ноќевања (на барање)

·         Доплата за еднокреветна соба 20€/1.240ден за две ноќевања (на барање)

·         Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник

 

**Во двокреветна соба 2+1, може да се смести макс. 2 возрасни +1 дете до 11.99г. или 2 возрасни+1 дете до 11.99 +1дете до 2.99г.)

 

НАПОМЕНА:

*За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

*Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и целосна доплата 7 дена пред поаѓање

*Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

*Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.

*За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)

* Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

* Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.

* За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија