СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - НОВА ГОДИНА 2026 - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - Венеција, Падова, Верона, Фиренца

Венеција, Падова, Верона, Фиренца

               Нова Година Венеција, Падова, Верона, Фиренца 


Започнете ја Новата година со стил и уметностВенецијаВеронаПадова и Фиренца – четири бисери на Италија во една незаборавна празнична тураИсторијасветларомантика и вкус на вистинскиот италијански дочек!

Програма на патување:

1.Ден 29.12.2025 (понеделник) СКОПЈЕ – ПАДОВА

Состанок на групата на паркингот кај спорската сала Борис Трајковски (кај пералните) во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.

2.Ден 30.12.2025 (вторник) ПАДОВА - ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во претпладневните часови во Падова, град кој има одлично сочувано градско јадро со бројни цркви и палати кои денес се под заштита на УНЕСКО. Сликовит град со мрежа на густо поврзани улици со аркади кои се спојуваат со градските плоштади како Prato della VallePiazza della ErbePiazza della Frutta… Во слободно време може да ја посетите Базиликата на Св.Антон Падовски во која се сместени неговите мошти. Сместување во хотел (доколку има услови за Early Check In), време за кратко освежување од патувањето и заминуваме на разглед на градот Венеција. Во договорено време со пратителот се упатуваме кон Венеција. Пристигнување на портот на Венеција и заминување на пешачки разглед со локален водич кој трае околу еден час до час и половина. Ќе имате можност одблизу да ги видите:

- Мостот на Воздишките

- Дуждевата Палата (Влез со доплата)

- Црквата Св. Марко (Влез со доплата)

- Плоштадот

- Мостот Риалто

- Каналот Гранде

Кога ќе пристигнеме до каналот Гранде кај мостот Риалто, разгледот завршува. По разгледот оставаме слободно време од 4 до 5 часа за индивидуални прошетки и разгледи, ручек, релаксација и уживање во прекрасната Венеција во новогодишнa атмосфера. Препорачуваме топла облека, бидејќи се патува во зимски период и времето на враќање е вечерно. Во точно прецизирано време и место се сретнуваме со пратителот и повторно со брод се упатуваме кон Падова. Враќање во Падова и сместување во хотел. Ноќевање.

3.Ден 31.12.2025 (среда) ПАДОВА – ФИРЕНЦА – НОВА ГОДИНА 2026

Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца:

- Црквата Санта Кроче,

- Плоштадот Сињори,

- Палацо и Понте Векио,

- Дуомото Санта Марија дел Фјоре

- Крстилницата Сан Џовани...

По разгледот оставаме слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во попладневните часови враќање во Падова.

Слободно време за да се припремаме за дочек на Новата Година и со топла облека одиме на прослава на отворено на плоштадот Прато дела Вале (Prato della Valle на италијански, Prà dela Vale на дијалектот на Венето) е еден од најголемите, но и најнеобични плоштади во светот. Во самиот центар на плоштадот се наоѓа мал зелен остров. Отровот Memia (l’isola Memmia) е опкружен со канал, кој пак е опкружен со два реда на статуи. Самиот остров е поврзан со четри мостови, а во самото срце е поставена фонтана, типично обележје на италијанските плоштади... СРЕЌНА НОВА 2026!!! Во договорено време собирање на групата и враќање во хотел. Ноќевање.

4. Ден 01.01.2026 (четврток) ПАДОВА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Верона. Пристичнување во Верона и прошетката во градот на Ромео и Јулија, ја правиме релаксирано со придужникот на групата со посочување на местата од интерес: го минуваме мостот и влегуваме покрај Ѕидините на градот до Арената, плоштадот Бра, Виа Мацини и плоштадот Ербе, се до куќата на Јулија... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Дневно и ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

5.Ден 02.01.2026 (петок) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови, во зависност од задржувањата на граница.

ПРОМО BLACK FRIDAY ДО 28.11.2025 – 169/10.478ден

ПРОМО ДО 10.12.2025 - 179€/11.098ден

РЕДОВНА ЦЕНА - 199€/12.338ден

Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд

Цена по лице за минимум 2 лица во соба

Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;

- Сместување во хотел 3* во Падова (или околина Венето) на база 2 ноќевања со појадок;

- Организирана посета на Верона, прошетка до Арената, Виа Мацини, плоштадот Ербе до куќата Јулија;

- Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Патничко и здравствено осигурување

-Задолжителна посета и разглед на Венеција - 30€ (доплата на лице место)

- Задолжителна посета и разглед на Верона - 20€ (доплата на лице место)

- Факултативна посета на Фиренца со локален водич - 55€ (доплата на лице место)

- Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел (5€ по лице за престој доплата на лице место)

- Индивидуални трошоци (влезници за музеи..)


Промо пакет екскурзии: 95€ наместо 105€!


Попусти и опционални доплати:

- Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден,

- Попуст за 3то лице на дополнителен кревет -10% (на барање),

- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 10€/620мкд (мин. 2 седишта),

- Доплата за дополнително седиште во автобус 80€/4.960ден.


Важни напомени:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 40 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето најдоцна до 7 дена пред поаѓање.

- За ова патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање, организизаторот не носи одговорност во случај на невалидна патна исправа.

- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од најмалку 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени огранизираторот го задржува правото да ја зголеми цената на факултативата или истатата да ја откаже.

- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.

- За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Супер Травел.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија