14. февруари (сабота) СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 09:55 часот. Лет за Венеција W6 4751 во 11:55ч. Пристигнување на аеродромот Марко Поло во 13:40ч. Превоз до центарот на Маргера (околина на Венеција). Сместување во хотел. Слободно попладне за прошетки низ Венеција со придружникот на групата (со јавен превоз). Враќање во хотел. Ноќевање.
Програма на карневалот:
09:00 – 17:00 ч. Ревија на карневалски костими на плоштадот Свети Марко
12:00, 16:00ч. Натпревари за костими на плоштадот Свети Марко
10:00-13:00, 15:00-19:00ч. Музика, Циркуски театри, Акробации и кловнови низ улиците на градот (Campo Margherita, Giacomo, Geremia, Cassiano, Gesuiti, S.M.Formosa, Sant'Elena and Burano Galuppi Squares)
11:30; 12:30; 14:00; 15:00, 16:00ч. Улични театарски претстави на Campo Stefano
15. февруари (недела) ВЕНЕЦИЈА
Појадок. После појадокот организиран панорамски разглед со локален водич на Венеција. Пристигнување со јавен превоз до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Во слободното време препорачуваме посета на камбанаријата на Сан Џорџио Маџоре и преубавата фасада на Паладио, од каде што имате преубав поглед на Венеција. Посетете го музејот на црквата Св.Марко од каде што имате уште еден преубав поглед од балконот на црквата на целиот плоштад пред вас. Кај мостот Ријалто дозволете си пауза за ручек во еден од многубројните ресторани уживајќи во вкусната италијанска кујна... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Ноќевање.
Програма на карневалот:
12:00ч Лет на орелот од Кулата на црквата Св.Марко
09:00 – 17:00 ч. Ревија на карневалски костими на плоштадот Свети Марко
16:00ч. Финале на натпреварот за најдобар костим на плоштадот Свети Марко
10:00-13:00, 15:00-19:00ч. Музика, Циркуски театри, Акробации и кловнови низ улиците на градот (Campo Margherita, Giacomo, Geremia, Cassiano, Gesuiti, S.M.Formosa, Sant'Elena and Burano Galuppi Squares)
11:30; 12:30; 14:00; 15:00, 16:00ч. Улични театарски претстави на Campo Stefano
16. февруари (понеделник) МУРАНО-БУРАНО-ТОРЧЕЛО
Појадок. Факултативна посета на трите најпознати острови во Лагуната на Венеција (Мурано, Бурано и Торчело). Лагуната брои вкупно 120 острови од кои само 11 се населени, од кои овие три не треба да ги пропуштите. Мурано е трет по големина и иако поседува многу знаменитости најпознат е по изработка на Мурано стаклото од кое призведуваат накит, витражи, лустери, огледала, чинии, вазни... Музејот на стаклото е сместен во палатата Јустинијан на самиот остров... Во 13в Мурано било летувалаште на познатите аристократи кои изградиле прекрасни вили со богати градини и овоштарници. Главниот приход на Бурано во минатото бил риболовот. Мажите претежно се занимавале со риболов, додека жените биле посветени на обработка и везење на чипка која до ден денеска се изработува. Бурано е познат по шарените куќи кои го обиколуваат целиот остров секоја со различна боја од претходната, за да рибарите кои се враќале од риболов во темните ноќи можеле да си ја препознаат својата куќа. Торчело е најстариот населен остров, познатата црква Санта Марија Асунта располага со импресивни мозаици. Нејзината камбанарија нуди незаборавен поглед на лаугната. Во Торчело се наоѓа познатиот хотел и ресторан Локанда Ципријани каде што често престојувал Ернест Хемингвеј. Враќање во Венеција, па потоа во Местре. Ноќевање.
Програма на карневалот:
09:00 – 17:00 ч. Ревија на карневалски костими на плоштадот Свети Марко
10:00-13:00, 15:00-19:00ч. Музика, Циркуски театри, Акробации и кловнови низ улиците на градот (Campo Margherita, Giacomo, Geremia, Cassiano, Gesuiti, S.M.Formosa, Sant'Elena and Burano Galuppi Squares)
11:30; 12:30; 14:00; 15:00, 16:00ч. Улични театарски претстави на Campo Stefano
17. февруари (вторник) ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Трансфер до аеродромот Марко Поло околу 11ч. Лет за Скопје W6 4752 во 14:15ч. Пристигнување во Скопје во 15:55 часот.
Цена на аранжманот: 369€ (22.878мкд) |
Цена во претпродажба: 319€ (19.778мкд) |