Penelope Vila - Edipsos 2026

Vila Penelopa – Loutra Edipsos, Evia

Опис: Вилата Penelopa се наоѓа во срцето на Loutra Edipsos, на само 150 метри од плажата и познатите термални минерални извори. Овој модерен објект нуди пријатна атмосфера, елегантно уредени студија и одлична локација – идеална за семеен и паровски одмор.
Локација: Сместена во центарот на Loutra Edipsos, вилата се наоѓа на само неколку минути пешачење од Treis Moloi Beach и Edipsos Thermal Springs. Во близина се достапни таверни, маркети, пекари и кафулиња. Аеродромот Nea Anchialos е оддалечен околу 67 км.
Сместување и содржини: Вилата располага со 19 модерно опремени студија, елегантно уредени и со современ мебел. Секоја соба располага со: приватен тоалет со туш, комплетно опремена кујна со мини фрижидер, клима-уред (доплата на лице место), телевизор, Wi-Fi интернет (бесплатно), тераса со маса и столици
Во вилата на гостите им се достапни рецепција, лифт, како и пријатна атмосфера со семејна услуга.
Двор и удобности: Објектот располага со сончева тераса и градина со зеленило, а во непосредна близина има бесплатен јавен паркинг.
Услуга и хигиена: Сместувањето е чисто и редовно одржувано, а персоналот е љубезен и секогаш достапен за помош. Пешкирите и постелнината се менуваат на секој 7 дена.
Предности: Одлична локација 50м од море и 150 м од плажа, пространи и елегантно уредени студија, бесплатен Wi-Fi и пристап со лифт, современо опремени кујни, мирна и пријатна атмосфера, идеално за семеен и паровски одмор

Програма на патување
Едипсос – Остров Евија
1. Ден
Состанок на групата еден ден порано во 22:30 часот на паркингот спроти спортската сала „Борис Трајковски“. Поаѓање кон Грција во 23:00 часот. Патувањето продолжува преку Лариса и Глифа, каде се качуваме на траект за островот Евија. По околу 30 минути пристигнуваме во пристаништето Агиос Кампос, на само 17 км од познатото бањско место Лутра Едипсос. Пристигнување во утринските часови, сместување во хотел и одмор.
2 / 3 / 4 / 5 / 6 Ден
Одмор и рекреација. Уживање во морето, сонцето и термалните води на Едипсос. Препорачуваме прошетки по шеталиштето, посета на таверни со традиционална грчка кујна и релаксација во природните извори покрај морето.
Во текот на престојот, патниците имаат можност да изберат и учествуваат во некој од следните факултативни излети:
Факултативни излети
- Посета на Атина – целодневна екскурзија со водич. Разглед на Акропол, Партенон, плоштадот Синтагма, смената на стражата и шопинг во квартот Плака.
- Посета на островот Скијатос – автентично морско искуство со брод и капење на познатата плажа Koukounaries, една од најубавите во Грција.
- Посета на грчките Сејшели – Лихадонисја – излет со бродче до волшебните вулкански островчиња со тиркизна вода и песочни плажи, идеални за капење и релаксација.
7. Ден
Последен ден за одмор и подготовка за враќање.
8. Ден
Напуштање на собите во 08:00 часот. Поаѓање кон Скопје со кратки попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.



Период1/2
Bus+Traekt+Smestuvanje
1/3
Bus+Traekt+Smestuvanje
Duplex 2/2+1
Bus+Traekt+Smestuvanje
16.05.2026
7 ноќи
129901451028358
23.05.2026
7 ноќи
139971591119365
30.05.2026
7 ноќи
1021691189969
06.06.2026
7 ноќи
10712510775
13.06.2026
7 ноќи
17712421615112990
20.06.2026
7 ноќи
17712421615112990
27.06.2026
7 ноќи
18513022615813595
04.07.2026
7 ноќи
19313523716613997
11.07.2026
7 ноќи
201141248174149104
18.07.2026
7 ноќи
209146259181155109
25.07.2026
7 ноќи
209146259181155109
01.08.2026
7 ноќи
209146259181155109
08.08.2026
7 ноќи
209146259181155109
15.08.2026
7 ноќи
201141248174149104
22.08.2026
7 ноќи
193135237166149104
29.08.2026
7 ноќи
13022615813997
05.09.2026
7 ноќи
13022615812990
12.09.2026
7 ноќи
11819913912990
19.09.2026
7 ноќи
1451021691189969


- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- Цените од табелата се дадени по лице со вклучен превоз, за минимум 2 лица во соба. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Автобуски превоз Скопје – Едипсос - Скопје
* Сместување во Студио 7 ноќи
* Траект повратна карта Глифа – Агиос Камос – Глифа
* Туристички придружник за време на патувањето и преставник од агенцијата за време на престојот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Турситичка Такса 2 евра од ден по соба (се плаќа во објектот)

НАПОМЕНИ:
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 08:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. 
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување. 
– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување и Правните Напомени на Супер Травел. 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– Доплата за превоз: 65€ за возрасни / 45€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);


Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија