Hotel Eleni – Ammoudia 2026

Hotel Eleni – Ammoudia, Epirus, Greece
Опис: Hotel Eleni Ammoudia е семеен хотел со топла и пријатна атмосфера, сместен на само 200 метри од песочната плажа во прекрасното крајбрежно место Амудија. Познат е по одличната хигиена, љубезниот персонал и домашниот амбиент што нуди идеални услови за релаксиран одмор. Гостите го избираат поради одличниот сооднос на квалитет и цена, мирната околина и близината до познатите природни и историски знаменитости на Епир.
Локација: Хотелот се наоѓа во местото Амудија, на западниот брег на Грција, во регионот Епир, на 18 км од Парга и околу 45 км од аеродромот Акцион (Превеза). Од песочната плажа го делат само 3 минути пешачење. Во близина се наоѓаат реката Ахерон, археолошкиот локалитет Некромантејон, древната Ефира и заштитениот природен резерват Калодики.
Сместување и содржини: Објектот располага со 26 соби: 17 двокреветни и 7 трокреветни, со можност за дополнително легло. Сите соби се просторни, модерно уредени, опремени со: клима-уред, телевизор, телефон, приватен тоалет со туш, фен, фрижидер, работна маса, балкон или тераса со поглед кон градина
Во хотелот гостите имаат на располагање: бар и кафетерија, простор за појадок шведска маса избор (домашни колачи, сирење, овошје, сокови.....), уреден двор со зеленило, салон/TV просторија, бесплатен јавен паркинг во близина
Двор и удобности: Хотелот располага со убаво уреден двор и пространа сончана тераса со маси и столови за одмор. Во непосредна близина се наоѓаат таверни, пекари и маркети, што овозможува пријатен престој без потреба од возење.
Услуга и хигиена: Собите се чистат секојдневно, а пешкирите и постелнината се менуваат на 3-4 дена. Гостите во рецензии ја истакнуваат исклучителната љубезност на домаќините, чистотата и појадокот. Хотелот се издвојува по топлината на персоналот и одличната организација.

Предности
- Одлична локација на 3 минути од плажа
- Чисти и пространи соби
- Појадок Шведска маса со домашни производи
- Бесплатен паркинг и Wi-Fi
- Мирна околина и семејна атмосфера
- Одличен буџет понуда во однос цена/квалитет


ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ПОЈАДОК И ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ 






















































ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Автобуски превоз Скопје – Амудија - Скопје
* Сместување со Појадок за 7 ноќи
* Туристички придружник за време на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Турситичка Такса 2 евра од ден по соба (се плаќа во објектот)

НАПОМЕНИ:
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на собите после секоја смена, истите се напуштаат до 08:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. 
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување. 
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување и Правните Напомени на Супер Травел. 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– Доплата за превоз: 55€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија