ФИРЕНЦА - Италијанската Атина, град со некои од највредните културно-историски споменици во светот. Внатрешноста на многубројните цркви, палати и галерии крие цел универзум на врвни дела од визуелната уметност. Првиот голем успех како град на уметноста Фиренца го доживува во XV век, за време на доминацијата на семејството Медичи, кога е родена и ренесансата.
РИМ - Сите патишта водат во Рим, срцето на Италија, Вечниот град или „Caput Mundi“, град создаден како свет за себе. Неговата историја долга 3.000 години ја обликува природата на Рим, создавајќи единствена целина каква што не може да се најде никаде на друго место во светот. Да се посетат Римскиот амфитеатар – Колосеумот, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, Пантеон или квартот Трастевере е задолжително – инаку би било како воопшто да не сте го посетиле овој вечен град.
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 16:55 часот. Полетување за Рим во 18:55 часот, слетување во 20:45 часот. Следува организиран трансфер до Фиренца. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организиран панорамски разглед на градот со посета на следниве културно-историски знаменитости: Piazza della Signoria, прошетка по Piazza del Duomo, Piazza San Lorenzo, Davide Museum, Piazza Santa Maria Novella, црквата San Trinita, мостот Ponte Vecchio и Pitti Palace. Поаѓање за Пиза и краток разглед на градот. Потоа трансфер кон Рим (приближно 3 часа патување, со кратки паузи за храна и одмор). Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Организирана посета на: Piazza del Popolo, Via del Corso, Fontana di Trevi, Пантеон, Piazza Venezia, Piazza Navona и Колосеумот. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Поаѓање за Ватикан – посета на плоштадот Свети Петар, Ватиканските музеи и замокот Sant’Angelo. Трансфер до аеродром во Рим. Полетување за Скопје во 21:30 часот, пристигнување во 23:10 часот.