СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - НОВА ГОДИНА 2026 - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - БЕЛГРАД - НОВИ САД - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ до 17.11

БЕЛГРАД - НОВИ САД - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ до 17.11

Нова 2026 година

БЕЛГРАД

НОВИ САД – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

31.12.202Поаѓање за Белград  во 00.30 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот на Револуцијата, Калемегдан:Воениот музеј, Споменикот на победникот… Слободно време за прошетка и предновогодишно уживање по пешачката улица Кнез Михајлова. Сместување во хотел. Вечерта дочек на Новата 2026 г. на плоштад со богата музичка програма со познатите звезди…. Ноќевање.

01.01.2026 Појадок. Факултативен целодневен излет до Сремски Карловци кој освен со својата прекрасна архитектура, познат е и по Фрушкогорското вино познато низ целиот свет Бермут – ароматично вино со 17 % алкохол. Притоа со локален водич ќе се посетат: црквата св. Никола, Патријаршијата, фонтаната “Четири лава”… Потоа се продолжува до Нови Сад – разгледување со  локален водичПетроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Градското собрание… Слободно време во центарот на Нови Сад. Попладнето враќање во Белград. Факултативно свечена вечера со музика во ресторан. Ноќевање.

02.01.2026 Појадок.После појадокот можност за факултативно крстарење со сплав по реките Сава и Дунав, при што уште еднаш ќе се ужива во убавините на Белград. Потоа  слободно време кај новиот комплекс “Београд на вода”, каде можи да се посети и Трговскиот шопинг центар “Галерија”. Попладнето поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

ЦЕНА: 7.900 ден. за резервации до 17.11.2025, 

редовна цена 8.900 ден.

 

Во цената се вклучени следните услуги:

  •  автобуски превоз на дадената релација
  • сместување во хотел со 3* – 2 ноќевања со појадок
  •  разгледување на Белград со локален водич
  •  лиценциран придружник на аранжманот

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • здравствено патничко осигурување-250 ден. до 65год., 350ден.-од 65-70год.
  •  целодневен излет до С. Карловци и Нови Сад – 25 евра
  • крстарење со сплав по реките Сава и Дунав – 15 евра
  • вечера со музика во ресторан на 01.01.2026= 45 еур
  •  влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици

Напомена: Може да се патува со лична карта или пасош.


За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А.Супер Травел


Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија