СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - НОВА ГОДИНА 2026 - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - БЕЛГРАД – НОВИ САД ЦЕНА: 169 евра

БЕЛГРАД – НОВИ САД ЦЕНА: 169 евра

БЕЛГРАД – НОВИ САД


1 ден 30.12.2025 Состанок на групата во 22:00 часот и поаѓање за Србија преку г.п. Табановце со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 31.12.2025 Пристигнување во Белград во раните утрински часови. Средба со локален водич и панорамски разглед на градот и пешачка тура: црква „Свети Сава“, тврдина Калемегдан, главната пешачка улица „Кнез Михаилова“. Слободно време во центарот на Белград. Сместување во хотел. Ноќевање. 

3 ден 01.01.2026 Појадок. Во утринските часови тргнување за Нови Сад. Средба со локален водич, разглед на градот: Петроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, „Дунавската улица“ – пешачка трговска зона, Градското собрание. Слободно време во центарот на Нови Сад. Враќање во Белград. Дочек на Нова година на еден од градските плоштади во Белград. Ноќевање.

4 ден 02.01.2026 Појадок. По појадокот одјавување од хотелот. Факултативно крстарење со брод по Сава и Дунав. Посета на трговскиот центар „Галерија“. Тргнување за Македонија во попладневните часови.


ЦЕНА: 169 евра


Во цената е вклучено:

- 2 ноќевања со доручек во Белград ( хотелско сместување ) 

- превоз на дадената релација – организација и водство на групата

- Разглед на Белград со локален водич


Во цената не е вклучено:

- Туристичка такса 4 евра за целиот престој

- Факултативна посета на Нови Сад 35 евра

- факултативно крстарење по Сава и Дунав 25 евра

- здравствено патничко осигурување


НАПОМЕНИ:

  • Бројот на седишта во автобус се доделува по број на резервација. Предност во првата половина на автобусот имаат повозрасни лица, како и мали деца. Постои можност за доплата на седиште (освен прв ред кој) од преостанатите седишта по цена од 10 евра.

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • За деца од 3 - 12 години се плаќа 80 % од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 - 12 години, за детето се плаќа цела сума.

  • Доплата за еднокреветна соба 50 евра

  • Во случај на отказ на патувањето од страна на патникот од лична неоправдана причина, авансот е нерефундабилен.

  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.

  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.


Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија