Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации.
Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници.
Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 10.30 ч. Полетување за Париз во12.35 ч, слетување во 15.35 ч. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед : Галеријата Лафајет, Операта, Луксембуршките градини, Латински кварт. Сместување во хотел. Слободно време за вечера ( факултативно). Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз со автобус.
Се посетуваат Елисејските Полиња, Ајфеловата Кула, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд ,Домот на Инвалидите. Слободно време за
факултативни посети на музејот Лувр, Ајфеловата кула или прошетка со брод по Сена. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање .
3 ден
Појадок. Организирана целодневна посета на забавниот парк Дизниленд со автобус. Влезницата вклучува 2 парка. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Слободно време за шопинг. Поаѓање од Париз во 12 ч.
Полетување во 16.05 ч од Париз, слетување во Скопје во 18.45 ч.
Има можност за трокреветни соби!
Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.