Брисел и Амстердам 28.11.2025

Детали за турата

Брисел и Амстердам 

Брисел, Бриж, Амстердам, Хаг, Ротердам, Ајндховен

28.11.2025 - 01.12.2025 - по лице €449.00
  • Локација

    Брисел - важи како главен град на Европа, вистински мултикултурен град, кој плени со својата архитектура, цветните плоштади со бројните кафетерии, прекрасните паркови и готските катедрали. Познат е по Атомиумот, вкусната кујна, белгиското чоколадо, по немирниот дух на своите жители, бучните улици и големите трговски центри.

    Амстердам – градот на слободата и забавата, град на уметноста и сликарството. Амстердам важи за еден од најубавите градови во Европа и ретко кој не сака да го посети, па дури и да живее таму. Познат е по каналите низ градот, по грижата на жителите за околината и природата и по прекрасните места за прошетка.

  • Програма


    1 ден

    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:35 ч. Полетување за Брисел во 05:35 ч., Слетување во 08:25 ч. Организиран трансфер со автобус и разглед на градот: Атомиум - иконскиот споменик на Брисел, изграден за Светската изложба во 1958 г.; Royal Greenhouses of Laeken, Cinquantenaire Park, возење низ европскиот кварт со краток стоп кај Триумфалната порта и паркот, Европскиот парламент, Европската комисија, Кралската палата и плоштад Ројал. Потоа следува Mont des Arts, панорамска градина и разглед на Стариот град: Grand Place, Градското собрание и куќите на еснафите, посета на скулптурата Manneken Pis, како и Galeries Royales Saint-Hubert - покриена луксузна трговска галерија, вистинска атракција за љубителите на архитектурата. Факултативно: влез во Атомиум. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

    2 ден

    Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Бриж. Целодневно разгледување: паркот и езерото Миневатер, кратка прошетка низ Begijnhof (Beguinage), градските бедеми и средновековните порти Kruispoort и Gentpoort, посета на старата ветерница, потоа Grote Markt со кулата Belfry of Bruges, како и Burg Square со Општинската палата и базиликата на Светата крв. Факултативно: искачување на кулата Belfry или возење со бродче низ каналите. Сместување во хотел во близина на холандско-германската граница. Ноќевање.

    3 ден

    Појадок. Организирано поаѓање кон Амстердам и панорамски разглед: Dam Square, Кралската палата, Nieuwe Kerk и Националниот споменик. Потоа минување покрај мостот Magere Brug (Skinny Bridge) и реката Амстел. Разгледот продолжува со посета однадвор на Rijksmuseum, Van Gogh Museum и Concertgebouw. Пешачка тура низ населбата Jordaan, позната по шармантните канали, традиционалната архитектура, бутиците и локалните кафетерии. Факултативно: прошетка со бродче низ каналите или искачување на панорамскиот видиковец A’DAM Lookout. Сместување во хотел. Ноќевање.

     

    4 ден

    Појадок. Поаѓање кон Хаг и панорамски разглед: Peace Palace, Binnenhof (Парламентот) и Noordeinde Palace (Кралската палата). Потоа продолжување кон Ротердам, со можност да се видат мостот Еразмо, Markthal и познатите куќи-коцки. Трансфер до Ајндховен. Полетување во 15:50 ч., слетување во Скопје во 18:25 ч.

  • Вклучено

    • Авионска карта на релација Скопје – Брисел – Ајндховен - Скопје со Wizz Air
    • Аеродромски такси
    • Бесплатен багаж 40x30x20 cm
    • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
    • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
    • Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
    • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
    • Туристичка такса

  • Не е вклучено

    • Сѐ што не е наведено во програмата
    • Влезница за во објектите и културно-историски споменици
    • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

  • Општи услови и информации

    Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија