Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации.
Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници.
Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:30 ч. Полетување за Париз во 12:30 ч. Слетување во 15:30 ч. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед: Arc de Triomphe, Place de la Concorde, Champs-Élysées, Assemblée Nationale, Les Invalides & Napoleon's Tomb, Tuileries Garden. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон новиот дел на Париз, La Défense. Слободно време за прошетки, разгледи, шопинг или (факултативно) екскурзија до Версај. Од новиот дел се продолжува кон Ајфеловата Кула, со краток одмор за фотографирање на Трокадеро. Слободно време за посета на Ајфеловата Кула. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање .
3 ден
Појадок. Организирано оаѓање кон Латинскиот Кварт. Посета на Пантеон (однадвор), Луксембуршките градини и Богородичната црква (однадвор). Посета на Бастиља и Опера Гарние. Разгледот продолжува кон Монтмартр, со посета на црквата Свето Срце и плоштадот на уметниците. Разгледот завршува со кратка посета однадвор на Мулен Руж и слободно време за фотографирање. Факултативно, организирана посета на Лувр, а вечерта – крстарење со брод по Сена. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Поаѓање кон Големите булевари Хосман. Слободно време за шопинг и прошетки во делот на Галеријата Лафајет и Музејот за парфеми Фрагонар. Поаѓање од Париз во 12:00 ч. Полетување во 16:10 ч од Париз и слетување во Скопје во 18:30 ч.
Сите резервации за екскурзиите се закажуваат пред поаѓање
Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа де