ПАРИЗ
29.11. – 02.12.2025
4 дена/3 ноќевања
Париз - градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр - сликарската „Мека“, Пигал - најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така...
1 ден | Скопје - Париз
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот. Полетување кон Париз во 06:00 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 09:05 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Во попладневните часови следува разглед на градот со локален водич, шетање по прекрасните Париски улици и градби (пешки или со метро) Нотр Дам, бизнис центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот Mouline Rouge.Враќање назад во хотел.Ноќевање.