БРИСЕЛ АМСТЕРДАМ 28.11.2025


БРИСЕЛ АМСТЕРДАМ
28.11.2025 – 01.12.2025
4 ДЕНА / 3 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

Брисел - важи како главен град на Европа, вистински мултикултурен град, кој плени со својата
архитектура, цветните плоштади со бројните кафетерии, прекрасните паркови и готските
катедрали. Познат е по Атомиумот, вкусната кујна, белгиското чоколадо, по немирниот дух на
своите жители, бучните улици и големите трговски центри.
Амстердам – градот на слободата и забавата, град на уметноста и сликарството.
Амстердам важи за еден од најубавите градови во Европа и ретко кој не сака да го
посети, па дури и да живее таму. Познат е по каналите низ градот, по грижата на
жителите за околината и природата и по прекрасните места за прошетка.

449€ - 27 838 ден


4 ДЕНА / 3 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ
Брисел - важи како главен град на Европа, вистински мултикултурен град, кој плени со својата
архитектура, цветните плоштади со бројните кафетерии, прекрасните паркови и готските
катедрали. Познат е по Атомиумот, вкусната кујна, белгиското чоколадо, по немирниот дух на
своите жители, бучните улици и големите трговски центри.
Амстердам – градот на слободата и забавата, град на уметноста и сликарството.
Амстердам важи за еден од најубавите градови во Европа и ретко кој не сака да го
посети, па дури и да живее таму. Познат е по каналите низ градот, по грижата на
жителите за околината и природата и по прекрасните места за прошетка.



1 ден – 28.11.2025 (петок)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:35 ч. Полетување за
Брисел во 05:35 ч., Слетување во 08:25 ч. Организиран трансфер со
автобус и разглед на градот: Атомиум - иконскиот споменик на Брисел,
изграден за Светската изложба во 1958 г.; Royal Greenhouses of Laeken,
Cinquantenaire Park, возење низ европскиот кварт со краток стоп кај
Триумфалната порта и паркот, Европскиот парламент, Европската
комисија, Кралската палата и плоштад Ројал. Потоа следува Mont des
Arts, панорамска градина и разглед на Стариот град: Grand Place,
Градското собрание и куќите на еснафите, посета на скулптурата
Manneken Pis, како и Galeries Royales Saint-Hubert - покриена луксузна
трговска галерија, вистинска атракција за љубителите на архитектурата.
Факултативно: влез во Атомиум. Сместување во хотел. Слободно време
за вечера (факултативно). Ноќевање.
2 ден – 29.11.2025 (сабота)
Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Бриж. Целодневно
разгледување: паркот и езерото Миневатер, кратка прошетка низ
Begijnhof (Beguinage), градските бедеми и средновековните порти
Kruispoort и Gentpoort, посета на старата ветерница, потоа Grote Markt
со кулата Belfry of Bruges, како и Burg Square со Општинската палата и
базиликата на Светата крв. Факултативно: искачување на кулата Belfry
или возење со бродче низ каналите. Сместување во хотел во близина
на холандско-германската граница. Ноќевање.
3 ден – 30.11.2025 (недела)
Појадок. Организирано поаѓање кон Амстердам и панорамски
разглед: Dam Square, Кралската палата, Nieuwe Kerk и Националниот
споменик. Потоа минување покрај мостот Magere Brug (Skinny Bridge) и
реката Амстел. Разгледот продолжува со посета однадвор на
Rijksmuseum, Van Gogh Museum и Concertgebouw. Пешачка тура низ
населбата Jordaan, позната по шармантните канали, традиционалната
архитектура, бутиците и локалните кафетерии. Факултативно: прошетка
со бродче низ каналите или искачување на панорамскиот видиковец
A’DAM Lookout. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден – 01.12.2025 (понеделник)
Појадок. Поаѓање кон Хаг и панорамски разглед: Peace Palace,
Binnenhof (Парламентот) и Noordeinde Palace (Кралската палата). Потоа
продолжување кон Ротердам, со можност да се видат мостот Еразмо,
Markthal и познатите куќи-коцки. Трансфер до Ајндховен. Полетување
во 15:50 ч., слетување во Скопје во 18:25

Во цената се вклучени следниве услуги:
 Авионска карта на релација Скопје – Брисел – Ајндховен - Скопје со
Wizz Air
 Аеродромски такси
 Бесплатен багаж 40x30x20 cm
 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
 Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
 Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
 Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот
престој
 Туристичка такса

Во цената не се вклучени следниве услуги:
 Сѐ што не е наведено во програмата
 Влезница за во објектите и културно-историски споменици
 Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за
водич

Општи услови за европски дестинации со WizzAir:
 Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
 За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
 Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
 За резервација задолжителна уплата од 100%
 Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
 Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
 Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
 Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
 Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
 За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А. СУПЕР Травел

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија