КИПАР


Кипар за Нова Година

30/12/2025 - 03/01/2026

30.12.2025 /вторник/
Состанок на групата на аеродромот во Скопје, 2 саати пред лет. Полетување за Ларнака во 20:15 ч. Слетување во 23:25 ч. После пасошки и царински формалности , следува трансфер до хотел.Сместување. Ноќевање.
31.12.2025 /среда/
Појадок. По појадокот можност за целодневна факултативна посета на Никозија и Лефкара. Цена - 65 евра за возрасен, 55 евра за дете од 2-12 г. /минимум 15 пријавени/, со водич на англиски јазик, со вклучени влезници, без ручек. Ќе ја посетите катедралата „Свети Јован“ од 17 век, ќе ја видите „зелената линија“ што го дели градот на турски и грчки дел, ќе имате слободно време во Laiki Yitonia - древниот пешачки дел од градот, прошаран со многу продавници за сувенири, ресторани и кафулиња. Ќе го посетиме музејот Левентис и ќе се упатиме кон за Лефкара - живописно село, познато по изработка на сребрен накит и фина чипка.Враќање назад во хотел. Одмор до вечерниот дочек на Нова Година. Ноќевање.
01.01.2026 /четврток/
Среќна Нова Година!Појадок. Свлодно време за индивидуални прошетки во Лимасол. Ноќевање.
02.01.2026 /петок/
Појадок. Можност за целодневна екскурзија до Пафос и Курион. Цена - 70 евра по возрасен, 63 евра по дете од 2-12 години /минимум 15 лица/, со водич на англиски јазик, влезници се вклучени, ручекот не е вклучен. Ќе го посетите Курион - античкиот град-држава од 2 век п.н.е., величествен грчко-римски театар, кој денес се користи за музички и театарски претстави. Следува посета на Пафос, археолошките локалитети на Пафос - столбот на Свети Павле, пристаништето на Пафос, мозаиците кои датираат од 3-5 век од н.е. Слободно време околу пристаништето. Во договорено време враќање назад во хотел.Ноќевање.
03.01.2026/сабота/
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки.Организиран трансфер до аеродромот во Ларнака. Полетување за Скопје во 18:15 часот. Слетување во Скопје во 19:40 ч.


ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 499 

РЕДОВНА ЦЕНА : 569€

Што е вклучено во цената

  • 4 ноќевања со појадок во хотел Kapetanios Limassol Hotel 3*
  • Директен лет на релација Скопје – Ларнака - Скопје
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm;( дозволено едно парче багаж )
  • Организирани трансфери: Аеродром Ларнака – Лимасол – аеродром Ларнака
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Туристичка такса 2 € по лице на ноќ - се плаќа во агенција;
  • Доплата за еднокреветна соба 90 Еур.
  • Патничко осигурување;
  • Билети за јавен превоз

ФАКУЛТАТИВИ

  • Факултативна посета на Никозија и Лефкара -  65 € возрасен/55€ дете;
  • Факултативна посета до Пафос и Курион - 70  возрасен/ 63 € дете;

Задолжително минимум една факултатива - пријавување во агенција.Минимум за реализација 15 пријавени.                   

Општи напомени :

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Super Travel
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија