СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 8 ми Март 2026 - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ ✈️ - ЛИСАБОН и ПОРТО 06-12.03

ЛИСАБОН и ПОРТО 06-12.03

ЛИСАБОН И ПОРТО

 8ми Март во бисерите на Португалија

   06.03 – 12.03.2026   6 ноќи – 7 дена  


Лет од Скопје  Авионски лет: Swiss International Air Lines (Скопје – Цирих – Лисабон / Порто – Цирих - Скопје)
  •  Поаѓање: 06.03.2026 во 08:55ч. (Скопје) 
  •  Пристигнување:  06.03.2026 во 14:35ч (Лисабон)
   Сместување (услуга)6 ноќевања со појадок – 6 B&B
  •  3 ноќи во хотел Roma 3* (или сличен) во Лисабон 
  •  3 ноќи во хотел ibis Porto Centro Mercado Bolhão 3* (или сличен) во Порто 
 Друго вклучено: 
  •  Трансфери + paзгледи според програма + претставник од Македонија
  •  Враќање во Скопје: 12.03.2026 во 20:25ч.

    ЛИСАБОН
 – Главниот и најголем град на Португалија, Лисабон е место каде модерниот живот и традицијата се испреплетуваат со вистински шарм. Градот ги одразува боите и духот на португалската култура – од плоштадот Маркиз де Помбала и авенијата на Слободата, до живиот центар Росио, плоштадот Педро IV и Рестаурадорес, симболот на ослободувањето од шпанската власт. Неговите симболи – плоштадот Комерцио, кулата Белем и Манасторот на Свети Јероним – претставуваат горд дел од светското културно наследство под заштита на УНЕСКО. ПОРТО – Вториот по големина град во земјата, Порто, сместен во живописниот северен дел на Португалија, е вистински бисер на Атлантикот.
Познат по прочуеното вино Порто, по богатата историја и шармантните улици покрај реката Доуро, градот плени со својата автентичност и живост. Старите квартови, прекрасните мостови и бројните кафулиња и вински барови му даваат посебна енергија што го прави еден од највибрантните и најпосетени европски градови. 

 ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ 

  06. Март (петок) СКОПЈЕ – ЦИРИХ – ЛИСАБОН Собир на групата на аеродромот во Скопје два часа пред лет,
 во 06:55 часот. Полетување за Цирих во 08:55 и пристигнување во 11:15 часот. 
Полетување од Цирих во 12:35 и пристигнување во Лисабон во 14:35 часот по локално време.
 Трансфер до хотел со попатен панорамски разглед (околу 2-3 часа) на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик.
 Ќе ги посетиме најважните места на градот: Плоштадот Рестаурадорес, елегантната Авенија на Слободата , кружниот тек на Маркиз де Помбал.
 Првите слики ќе ги направиме во Паркот Едвард VII, најголемиот јавен парк во Лисабон. 
Потоа заминуваме кон најпознатиот лисабонски кварт – Белем, кој е под заштита на УНЕСКО.
 Ќе го видиме еден од симболите на градот, прекрасната кула Белем која изгледа како да е изградена од песок, а некогаш служела за одбрана на градот. Разгледот продолжува до уште еден симбол на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век. Сместување во хотелот. 
Вечерта, слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање. 

 07. Март (сабота) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) Појадок. 
Факултативна екскурзија до Синтра (окоу 8 часа), сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Посета на бајковитата палата Пена, една од најпрепознатливите палати во Португалија, изградена во 19 век во романтизам. 
Се наоѓа на брдо над Синтра,  поради својот раскош и убавина е под заштита на УНЕСКО. Палатата е препознатлива по јаките бои со кои се обоени терасите и кулите и така претставуваат совршен контраст на зеленилото кое ја опкружува. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил.
 Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. 
Ноќевање.

            08. Март (недела) ЛИСАБОН Појадок. Oрганизирана посета на квартот Алфама (со јавен превоз), возење со стариот трамвај бр.28, прошетка низ стариот град сместен во тврдината/замокот Свети Ѓорѓи, попатно посета на Катедралата, посета на националниот Пантеон. Следи посета на делот од градот каде се наоѓа мостот 25ти април (сличен на мосот во Сан Франциско). Потоа посета на квартот со вибрантен ноќен живот и розевата улица.... Враќање во хотел, индивидуално со јавен превоз. Факултативно, вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо.
Ноќевање. 

           09. Март (понеделник) ЛИСАБОН - Алкобака - Батаља –– Коимбра - ПОРТО Појадок.  Организиран трансфер до Порто. Попатна посета на Алкобака. Посета на манастирот Санта Марија д'Алкобака - основан во 12 век од кралот Алфонсо I. Неговата големина, чистотата на неговиот архитектонски стил, убавината на материјалите и грижата со која е изграден го прават ова ремек дело на цистерцијанската готска уметност. Патувањето продолжува кон Батаља каде ќе го посетиме националното обележје на Португалија, ремек-дело на готската архитектура, класифицирано на листата на светското културно наследство на УНЕСКО, манастирот Санта Марија да Виторија (14-16 век). Продолжуваме до Коимбра, еден од најважните универзитети во Европа. Посета на Универзитетот со неговата извонредна кралска библиотека. Заминување за Порто.  
Сместување во хотел. Слободно време за уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик.
 Ноќевање. 

            10. Март (вторник) ПОРТО Појадок. Прошетка до улицата Света Катерина. Порто е нераскинливо поврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Дон Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Прошетката продолжува преку мостот до градот Вила Нова де Гаја кој изобилува со вински подруми. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Можност за крстарење по реката Дуоро. 
Ноќевање. 

              11. Март (среда) БРАГА - ГИМАРАЕШ Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативен излет во северна Португалија. Посета на Брага, главниот град на провинцијата Мињо, која била седиште на Галиција (денес Шпанија) во римско време. Прошетка до познатата катедрала, а потоа посета на светилиштето Бом Исус кое се наоѓа на рид (на височина од 1.315 m) над самиот град и до него се стигнува по величествени барокни скали. Заминување и посета на Гимареш, која се нарекува и лулка на Португалија. Првиот португалски крал Алфонсо Хенрикес е роден овде во 1109 година, неговата статуа се наоѓа пред палатата на војводата од Брага од 15 век. Прошетка до дворецот Дукал (билетот не е вклучен во цената, може да се купи индивидуално). Враќање во Порто. 
Ноќевање. 

        12. Март (четврток) ПОРТО – ЦИРИХ – СКОПЈЕ Појадок. 
Организиран трансфер до Аеродромот во Порто. Полетување за Цирих во 12:05 часот. Пристигнување во Цирих во 15:30 часот и полетување за Скопје во 18:25 (локално време). Слетување во Скопје во 20:25 часот. 



           Цена по лице во двокреветна соба 
                        EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 30.12.2025
                                               955€ / 59.210 мкд

                                    Редовна цена  1095€ / 67.890мкд 


Доплати
  •   Попуст за дете од 2 до 11,99 год*-40€ / -2.480 мкд 
  •  Доплата за еднокреветна соба  280€ / 17.360 мкд 
  •   Сместување на трето лице (дополнителен лежај – софа на отварање) само на барање, доколку има расположливи соби! 

Во цената е вклучено : 
 • Авионски превоз со Swiss International Airlines на релација Скопје–Цирих–Лисабон и Порто–Цирих–Скопје.
 • Аеродромски такси, 
 • Рачен багаж (1 ташна /торба до 8 kg), 
 • Трансфер од аеродромот до хотелот во Лисабон со попатен панорамски разглед на градот.
 • Разглед и прошетка низ Лисабон,
 • Трансфер од Лисабон до Порто со попатни разгледи на Алкобака, Батаља, Коимбра според програмата. 
 • Разглед и прошетка низ Порто според програмата. 
 • Трансфер од хотелот во Порто до аеродром. 
 • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Порто. 
 • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лисабон. 
 • Напомена: хотелите НЕ располагаат со трикреветни соби!
 • На барање може да се смести максимум едно дете во соба на дополнително легло.
 • Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

 Во цената не е вклучено : 
 • Туристичка такса - се плаќа во хотелите на рецепција (4€ по лице од ноќевање).
 • Чекиран багаж / куфер – со доплата (цена два дена пред поаѓање). 
 • Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) со вклучена влезница за Палата Пена - 115 евра (пријавување во агенција)
 • Факултативна вечера со Фадо – 100 евра – трансфер, ноќен панорамски разглед на Лисабон, вечера со програма, вкупно времетраење околу 4 часа (пријавување во агенција) 
 • Факултативен излет Брага и Гимараеш - 110 евра (пријавување во агенција),
 • Влезници во локалитетите и манастирите, 
 • Карти за локален превоз (метро), 
 • Задолжително патничко - здравствено осигурување. 
 Забелешки:
 • Организатор на ова патување . 
 • За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот. 
 • За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот. 
 • Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот. 
 • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
 • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот. 
 • Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 20 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана. 
 • Како би се направиле навремени резервации и осигурала реализација на факултативните излети, изјаснување и пријавување за истите задолжително е да се направи во агенција пред почеток на аранжманските услуги. 
 • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
 • Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето. 
 • За оваа програма важат Општите Услови на Патување
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија