ИСТАНБУЛ 20.11.2025

И С Т А Н Б У Л

Посетата на Истанбул не е само обична посета на еден град, тоа е буквално магија која после првата посета Ве прави зависник и посакувате повторно и повторно да го посетите овој магичен град.

Нашата програма за посета на Истанбул е следна:

1 ден 20.11.2025 (Четврток)

Поаѓање во пладневните часови од градовите:Скопје, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија (граница). Сe патува преку Грција со попатни паузи.

2 ден 21.11.2025 (Петок)

Пристигнување во Истанбул.

Со локален водич го започнуваме со задолжителниот разглед на Европскиот дел на Истанбул. Најпрво панорамски разглед на областите Аксерај и Лалели, Универзитетот Бејазит под Римскиот аквадукт, Џамијата Сулејмание, покрај Египетскиот пазар, Галата мостот итн. Разгледот продолжува покрај заливот ''Златниот Рог'' кој е долг 7 км и го дели европскиот дел на два дела Потоа се упатуваме кон христијанската населба Балат која е позната по многуте шарени куќи обоени во различни бои, кои и даваат посебен сјај на оваа населба, исто така овде се наоѓа и Вселенската Патријаршија , старата Грчка гимназија и Железната црквa која е градена од македонски мајстори и овде е закопан Партеније Зографски.

  • Вселенската Патријаршија која е највисоката духовна власт на Православната црква во светот.
    Основана уште во
    4 век, Патријаршијата е седиште на Вселенскиот патријарх – духовниот лидер на над 300 милиони православни христијани.
    Во нејзиниот комплекс се наоѓа
    црквата „Св. Георгиј“, каде се чуваат свети мошти и древни икони.

По завршување со разгледот се упатуваме кон хотелот каде сместувањето е попладне , по добивање на собите во договореното време групата има можност за пешачка тура со локален водич до Капали чаршија а потоа се продолжува и до Хиподромот каде се наоѓаат Аја Софија, Сината џамија , Аквадуктот, Топкапи и многу други културно историски споменици , по завршување на пешачкиот разглед со локалниот водич каде се остава групата за слободни активност и индивидуалн разглед.

  • Хиподромот (во вид на потковица, кој некогаш служел за коњски трки) а денес е познат како плоштадот Султан Ахмет каде се наоѓа исто имената Џамија денес позната како Сината Џамија.

  • Сината Џамија можност за индивидуална посета (чија каректеристика е тоа што е единствената џамија со 6 минариња на сино-зелените кристали и мермерни камчииња по кои што го добила и името Сината).

  • Аја Софија со можност за индивидуална посета (најпрво изградена како црква на Светата мудрост градена во време на византискиот цар, по освојување на градот од Мехмед освојувачот ја претвара во џамија за покасно да биде прогласена за музеј и била една од најпосетуваните атракции во Истанбул, но претседателот Ердоган повторно ја претвора во џамија). Ноќевање.

3 ден 22.11.2025 (Сабота)

Појадок. После појадокот се упатуваме на факултативата -Крстарење по Босфорот + Азиски дел на Истанбул.

  • Крстарење по Босфорот (прекрасно крстарење покрај европскиот и азискиот брег на Босфор каде се наоѓаат палатата Долма Бахче, џамијата Ортакој, куќите на познати турски глумци,политичари и бизнисмени, многу од нив ќе ги препознаете од турските ТВ серии...)

  • Бејлербеи или некои уште ја опишуваат како минијатурна Долмабахче служела како летна резиденција на султанот исто така тука се одржувале многу забави за гостите, посебно во летниот период. Истотака место на многу рибни ресторани и место каде се снимени голем број од турските филмови.

  • Џамијата Чамлиџа – Симболот на современ Истанбул

    Највисоката точка на градот – со поглед што одзема здив! Најголемата џамија во Турција – собира до 63.000 верници. Комбинација од османлиска традиција и модерен стил. Проектирана од турска архитектка Мерием Уста Во комплексот има музеј, библиотека, изложби и огромен паркинг. Од нејзините дворови се гледа целиот Истанбул – од Златниот Рог до Принцевските острови! Чамлиџа Џамијата– место каде верата и уметноста се среќаваат над облаците.

  • Кадиќој е прекрасна облас во азискиот дел на Истанбул на анадолската страна кое е посебно омилено на локалното население затоа што тука може да вкусите прекрасна храна најдобрата пица во Истанбул. Областа изобилува со мали кафиќи, продавници раздвижен дел на Истанбул каде се наоѓаат големи станбени објекти посебно популарна е да се посети улицата Bahriye.

Враќање кон хотелот.Слободни активности.

Ноќно крстарење на Босфорот- факултативна можност за три часовно ноќно крстарење по Босфорот од каде се гледа прекрасната палата Долма Бахче и Џамијата Ортакуј , придружено со традиционални турски танци, неограничени безалкохолни пијалоци и 2 чаши алкохол , три вида мени по избор. Враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ден 23.11.2025 (Недела)

После појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Таксим – плоштадот до кој се пристигнува помнуваќи покрај Галата Кула и познатата улица Истиклал која изобилува со многубројни бутици, ресторани, кафетерии и по која се движи познатиот црвен трамвај кон плоштадот Таксим,слободно време за индивидуални активности. Во договореното време гупата се упатува кон шопинг центарот ''ФОРУМ'' во чија близина се наоѓа и Декатлон. Слободно време за шопинг и ручек . Попладнето поаѓање за Македонија ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 24.11.2025 (Понеделник)

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

ПРОМО ЦЕНА - 119 евра (7,380 ден.)

Редовна цена - 139 евра (8,620 ден.)


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,

  • 2 Ноќевања со појадок во Хотел 3* во Истанбул (областа Лалели или Аксарај ),

  • Пешачки разглед со лолален водич до Капали чаршија и Хиподромот каде што се Аја Софија, Сината Џамија ...

  • Посета на шопинг центар ФОРУМ,

  • Профисионален туристички придружник,

  • Организација и реализација на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ - ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ (со локален водич) – 25 евра

    Панорамски разглед на Европски дел,

    Балат -прв ден

    Вселенската Патријаршија - прв ден

    Плоштадот Таксим -трет ден

  • КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР и АЗИСКИ ИСТАНБУЛ (со локален водич) - 60 евра

    Крстарење по Босфор,

    Панорамски разглед на Азиски дел,

    Бејлербеи,

    Џамијата Чамлиџа,

    Кадиќој.

Во цената не е е вклчено :

  • Ноќно крстарење на Босфорот - факултативна можност за три часовно ноќно крстарење по Босфорот придружено со традиционални турски танци, три вида мени по избор, неограничени безалкохолни пијалоци и 2 чаши алкохолен пијалок по избор - 50€

  • Туристичка такса за целиот престој 2 евра по лице (задолжително) се плаќа во агенцијата.

  • Трансфер по градови Битола, Прилеп и Штип-10 евра во правец по лице (во договор со агенцијата)

  • Здраствено патничко осигурување (задолжително) - 300 ден за лица до 65г,

  • Доплата за еднокреветна соба - 3.000 денари

  • Доплата за дополнително седиште 100 евра;

  • Доплата за избор на седиште во двата правци 15 евра;

НАПОМЕНА:

  • Патувањето е од туристички карактер затоа задолжително треба да се избери барем еден од понудените пакети!

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;

  • Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;

  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата, не постои можност за задржување на границата поради TAX FREE;

  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;

  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата;

  • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;

  • Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;

  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;

  • За оваа патуваање важат општите услови за патување на Т.А Супер Травел и СКТМ.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија