ЕДНОДНЕВНО ПАТУВАЊЕ ВО КАВАЛА И ДРАМА
06.12.2025
14.12.2025
20.12.2025
21.12.2025
ЦЕНА 1.600 ден.
Поаѓање од Велес ,Неготино во раните утрински часови. Се упатуваме кон граничен премин Богородица. После царина и царински формалности патот не води кон Кавала, еден од најубавите градови во Грција.
Најпрво го разгледуваме стариот дел на Кавала, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15 до 20 век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик - стариот аквадукт, изграден од Сулејман Величествениот. Кавала е родното место на Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа - музеј.
Продолжуваме кон тврдината, главната атракција на градот изградена на местото на урнатините на Византиската Акропола Христополис. Разглед на истата и фотографирање со најубавиот поглед на градот.
Следи индивидуална прошетка низ преубавиот Новогодишно украсен град, можност за ручек и кафе во многубројните кафетерии покрај морето и прекрасното пристаниште.
Потоа се упатуваме кон Драма и Божиќниот пазар. Влегуваме во градот од соништата каде се е украсено и светликаво, безброј лампиони, големи балони, осветлени дрвја, елки, кловнови, бина на отворено со пеачи, голем луна парк, рингишпил, куќата на Дедо Мраз....
Секој дел од градот мириса на Божиќните колачи, варено вино и цимет..
Влезот не се наплаќа, како и учеството во многубројните игри.
После несекојдневната прошетка во вечерните часови се враќаме во Македонија.