МЕТЕОРИ-ТРИКАЛА БОЖИЌНО СЕЛО
🗓 Термини:
07.12.2025
14.12.2025
21.12.2025
28.12.2025
ЦЕНА ЗА ВОЗРАСНИ : 2000 денари
ЦЕНА ЗА ДЕЦА ДО 10 ГОДИНИ : 1800 денари
*Во цената не е вклучена влезница во манастирите 2-3 евра
*Задолжително патничко осигурување
Поаѓање од ВЕЛЕС,СКОПЈЕ,ШТИП,НЕГОТИНО
⏰ Одбројувањето започна за Трикала ⏰🎈За неколку дена ќе оживее убавата Божиќна приказна 🎊За сите деца и за оние што во душата останаа деца ....Дозволете и на фантазијата да ве понесе на своите крила и да Ве однесе во светот на бајките
Сите можни чуда во светот на бајките живеат... 🚂 Сите ќе ги најдете тука...Дедо Мраз, Елфовите, Џуџињата... 🎅🤶
🎡🎢 Тука е панорамското тркало, каскадната лизгалка, лизгалиштето, работилницата за правење на колачи, фабриката за чоколади... ⛸🎠
ПРОГРАМА :
Состанок на групата во 01:00 од Скопје (континентал) и 02.00 рано наутро од Велес и поаѓање кон Метеори. Метеора е одлично место за доживување, спектакуларен пејзаж и византиски манастири сместени на врвот на стрмните карпи во кои се сместени непроценливи артефакти и ѕидни слики. Кога ќе се приближите до градот Калабака, најблискиот голем град во близина на Метеора, и живописното село Кастраки, ќе видите комплекс од огромни карпести столбови од песочник кои се искачуваат на небото. На врвот од нив ќе ги забележите познатите манастири Метеори. Го посетуваме најголемиот и најпосетениот од сите-Светиот манастир Преображение на Исус или Големиот Метеорон.
Слободно време за разглед и индивидуална прошетка .Во договорено време поаѓање кон Трикала.
Попатна посета на работилницата за икони,одлична прилика да видите како истите се изработуваат и можност да си одберете и купите за вас и за најблиските.
Пристигнување во Трикала во попладневните часови.Едно навистина магично место во градот Трикала, во северниот дел на Грција -волшебниот Божиќен парк, Воденицата на џуџињата. Како и секоја година, така и оваа, нешто ново се случува во Мелницата на џуџињата.. нова приказна инспирирана од магичниот свет на мјузиклите што ќе патуваат млади и стари во светот на бајките и магијата . Овде ќе се задржиме неколку часа и во договореното време полни со впечатоци си поаѓаме кон Македонија.