Распослан на бреговите на реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како „Град на светлината“, претставува политички, економски и културен центар на Француската држава.
Тој е еден од најзначајните светски градови во кој се наоѓаат седишта на бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениума, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања, како и собиралиште на најпознатите светски уметници.
Големиот број знаменитости и туристички атракции, како што се дворецот Версај и Фонтенбло, катедралата Нотр Дам, црквата „Сакре Кер“, музеите Лувр, Орсеј и многу други, ќе го направат Вашиот престој во овој град-музеј навистина незаборавен.
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:30 ч. Полетување за Париз во 12:30 ч., слетување во 15:30 ч.
Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед: Триумфалната Порта, плоштадот Конкорд, Шанзелизе, Парламентот, Инвалидите и гробот на Наполеон, паркот Tuileries.
Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон новиот дел на Париз – La Défense. Слободно време за прошетки, разгледи и шопинг или (факултативно) екскурзија до Версај.
Од новиот дел се продолжува кон Ајфеловата кула. Краток одмор за фотографирање на Трокадеро. Слободно време за посета на Ајфеловата кула.
Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
3 ден
Појадок. Организирано поаѓање кон Латинскиот кварт: посета на Пантеон (однадвор), Луксембуршките градини и Богородичната црква (однадвор). Потоа следи посета на Бастиља и Опера Гарние.
Разгледот продолжува кон Монмартр, со посета на црквата „Свето Срце“и плоштадот на уметниците.
Разгледот завршува со кратка посета (однадвор) на Мулен Руж и слободно време за фотографирање. Факултативно организирана посета на Лувр, а навечер и крстарење со брод по Сена.
Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Поаѓање кон Големите булевари „Хосман”. Слободно време за шопинг и прошетки во околината на галеријата „Лафајет“ и музејот за парфеми „Фрагонар“. Поаѓање од Париз во 12:00 ч. Полетување во 16:10 ч. од Париз, слетување во Скопје во 18:30 ч.