СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 8 МИ ДЕКЕМВРИ 2025 - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - ПРОЛОМ БАЊА - ГАРЕТОВ КОНАК

ПРОЛОМ БАЊА - ГАРЕТОВ КОНАК

ПРОЛОМ БАЊА

1 ден 06.12.2025 (сабота) КОЧАНИ – ПРОЛОМ БАЊА:
Состанок на групата во 04:15 часот кај судот во Кочани.
Поаѓање за Србија во 04:30 часот. Попатно, преземање на
патниците од Штип, Велес, Скопје... Се патува преку  граничниот премин
Табановце. Пристигнување во Пролом Бања,  во попладневните  часови.
Сместување во Гаретов конак. Ручек. Краток одмор и слободно време за
индивидуални активности. Можност за користење на затворениот базен
со лековитата  Пролом вода. Вечера. Ноќевање.

2 ден 07.12.2025 (недела) ПРОЛОМ БАЊА:
Појадок. Заминување на организиран излет до местото Ѓавола Варош,
споменик на природата со кој се врзани повеќе легенди кои ја будат
фантазијата на секој посетител. Ручек во Гаретов конак. Слободни
активности, користење на услугите на Wellness центарот. Вечера.
Ноќевање.

3 ден 08.12.2025 (понеделник) ПРОЛОМ БАЊА– КОЧАНИ:
Појадок. По појадокот посета на црквата Лазарица, единствената црква
– брвнара во овој крај  каде што Цар Лазар ја причестил својата војска
пред  Косовската битка. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во
Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149€ / 9240 денари за уплата до 20.11.2025
РЕДОВНА ЦЕНА : 159€ / 9860 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:
 Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
 Сместување во Гаретов конак на база 2 полни пансиона (доручек, ручек и вечера)
 Туристички пратител за време на патувањето од агенцијата
 Користење на услугите кои ги нуди Wellness центарот
 Туристичка такса

Во цената на аранжманот не е вклучено:
 Здравствено патничко осигурување
 Излет до Ѓавола Варош со водич со автобуски превоз и влезница 5€ (доплата на
лице место)
 Индивидуални трошоци (масажи, пијалоци и останати неспоменати услуги)

 Напомена: Рок за пријавување до 01 декември 2025 г.
 За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници
 Со оваа програма важат општите услови на патување на Т.А. СУПЕР ТРАВЕЛ
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија