БУДВА, ДУБРОВНИК – НОВА ГОДИНА 2026
Св.Стефан- Будва – Дубровник – Котор -Тиват – Порто Монтенегро
· 1 ден : 30.12.2025 (Вторник) Кавадарци – Неготино- Штип – Велес- Скопје
Состанок на групата согласно трансферите. Поаѓање за Црна Гора во вечерните часови . Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден : 31.12.2025 (Среда)- Св. Стефан – Будва
Пристигнување на Св. Стефан, едно од најмонденските летувалишта на црногорското приморје, панорамско фотографирање и поаѓање за Будва. Сместување во приватни апартмани во Будва. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот или пак воздишка за кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Одмор. Во вечерните часови Дочек на Новата 2026 година пред платото на Стариот град со богата музичка програма и познатата балканска ѕвезда Ацо Пејовиќ . Ноќевање.
3 ден : 01.01.2026 ( Четврток ) Будва – Дубровник
Можност за факултативна посета на Дубровник. Патувањето се одвива преку Тиват со траект до Дубровник. Градот каде се снимаа дел од сцените на познатата серија “ Game of Thrones “ денес е под светската културна заштита на УНЕСКО и е несомнено една од најубавите светски дестинации за посета. Раглед и прошетка на стариот дел на градот; Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот Столб, Градскиот ѕвонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Враќање во Будва. Време за одмор.
4 ден : 02.01.2026 ( Петок ) Будва – Котор –Порто Монтенегро- Македонија
Можност за факултативна посета на Котор и Порто Монтенегро. Индивидуална прошетка во стариот дел на прекрасното гратче. Moжност за посета на катедралата Св.Трипун, Столбот на срамот, Которската тврдина... Потоа се упатуваме на посета на Порто Монтенегро и поаѓање за Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.
ПРОМО ЦЕНА ДО 05.12.2025 : 109 евра по лице
Во цената се вклучени следните услуги:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
– 2 ноќевања , сместување во вили;
– Организацијаи реализација на програмата
– Лиценциран придружник на патувањето.
Во цената не е вклучено:
– Посета на Дубровник 30 еур;
– Посета на Котор, Тиват, Порто Монтенегро…..15 еур;
– Влезници за музеите и културно историските споменици;
– Задолжително патничко и здравствено осигурување;
– Задолжителна туристичка такса 1 еур по лице на ден (се плаќа во автобус).
Напомена:
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
– Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот;
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,комплетна доплата 10 дена пред поаѓање;
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот за реализација на програмата;
– Уплата исклучиво во денари.