Хотелот Capsis се наоѓа во Солун и нуди подобрени и софистицирани услуги за деловни и туристички патници. Capsis е најголемиот градски хотел во северна Грција. Со својата поволна локација во центарот на градот и лесен пристап до сите главни атракции и интересни точки на Солун, хотелот претставува идеален избор за сместување. Хотелот располага со целосно реновирани и ергономски уредени соби, модерни конференциски сали, ресторани, теретана и хамам бања, како и надворешен базен на Roof Garden и целосно реновираниот „Roof Top Piscina“ ви нудат одлична можност за релаксација. Со повеќе од 50 години искуство во угостителската индустрија, хотелот нуди услуги од висок квалитет, кои создаваат атмосфера на топлина и интимност. Покрај модерните и луксузни соби, Hotel Capsis нуди и: целосно опремени и мултифункционални сали, ресторан Byzantium, Alexander the Great Executive Lounge, Roof Top, Cafe Capsis, поздемен паркинг, теретана, сауна, масажи...
Во непосредна близина на Хотелот Capsis се наоѓа и Бела Кула - Овој симбол на градот доминира на крајбрежјето. Таа била дел од градските ѕидини и била изградена во 15-тиот век од Османлиите. Денес, во неа се наоѓа изложба која прикажува различни аспекти од историјата на Солун, почнувајќи од основањето на градот во 316/15 г. п.н.е. до денес.