СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ЈАНУАРИ 2026 - ДУБАИ 14.01.2026

ДУБАИ 14.01.2026

ДУБАИ   и   АБУ ДАБИ

Дубаи, во денешно време претставува синоним за луксузен живот и атрактивна туристичка дестинација - една од најпосетените во светот. Специфичен спој на комфор, помешан со традиционални обичаи и стил на живот. Дубаи е модерен град со преубави плажи, луксузни хотели, импресивна архитектура, високи згради, вештачки остров во облик на палма… Највисоката зграда на светот Burј Kalifа, единствениот хотел со 7 ѕвезди, 70 шопинг центри, покриен ски центар со 5 стази и многу други објекти го одземаат здивот со што посетата на Дубаи станува незаборавна.

Плажите се песочни и со разновидни активности, а уживаењето е неизбежно. Најпозната е Jumeirah Beach Park, која плени со својот бел песок и тиркизно плава боја на водата. Една од најпосетените атракции во Дубаи е пустинскито сафари.

Проверете зашто Дубаи во последните години е туристички центар број 1 во светот.

                                                                                                                                                                                                                                             

14.01 (Среда)                                     СКОПЈЕ – ДУБАИ

Состанок на групата во Скопје во 08.30 часот. Полетување во 10.30 и пристигнување во Истанбул во 13.55 часот. Полетување за Дубаи во 20.50 и пристигнување во 02.10 часот (локално време). Организиран трансфер  до хотелот.

 

15.01-18.01.2026                               ДУБАИ

Појадок.

Целодневен разглед на Дубаи со локален водич на српски јазик. (ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНА)

Организирани излети и индивидуална прошетки.

Ноќевање.

 

19.01  (Понеделник)                         ДУБАИ - СКОПЈЕ

ПојадокСлободен ден. Во 23.45 часот oрганизиран трансфер до аеродромот. Авионот кон Скопје преку Истанбул полетува во 03.20 часот на 20.01 и слетува во Скопје во 09.55 часот.

 

За уплати до 25 октомври: 53.260 мкд (859 евра)

 

Цена на аранжманот: 56.980 мкд (919 евра)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Авионски превоз Скопје-Дубаи-Скопје со авио компанијата Pegasus Airlines

14/01/2026 Wed PC352 Skopje – Istanbul 10:30 13:55

14/01/2026 Wed PC740 Istanbul – Dubai 20:50 02:10

20/01/2026 Tue PC741 Dubai – Istanbul 03:20 07:30

20/01/2026 Tue PC351 Istanbul – Skopje 10:25 09:55

-Трансфер аеродром-хотел-аеродром

-Рачен багаж до 8кг (55х40х20cm) и чекиран багаж до 20кг.

-Сместување во хотел Grand Excelsior Al Barsha Hotel 4* на база 5 ноќевања со појадок во Дубаи

елодневен разглед на Дубаи 

-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Туристичка такса (се плаќа во хотелот)

-Патничко – здравствено осигурување

-Доплата за еднокреветна соба 11.800 ден.


РАЗГЛЕД НА ДУБАИ

***Целодневен разглед на Дубаи (трансфер, локален водич) ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНА

Во текот на оваа екскурзија следува запознавање со  фасцинантната приказна за издигнувањето на Дубаи од суровите пустински услови во еден модерен, луксузен свет со јасна визија за иднината.

На патот кон стариот дел на градот, ќе се види:

-Музејот на Иднината (фото стоп) (Museum Of The Future)

-Златната рамка на Дубаи (фото стоп) (Frame Dubai)

Посета на стариот дел на градот:

-пазарите за зачини, злато и текстил

-возење со традиционална абра преку стариот канал (вклучено во цената)

-средба со  најголемиот златен прстен на светот направен од 24 каратно злато со огромен дијамант

 

Разгледувањето  продолжува со посета на:

Souk Madinat, Jumeirah Madinat или  Малата Арапска Венеција со поглед на  луксузниот хотел Burj Al Arab.

Се продолжува  кон Marina The Walk и зградата Cayan или Infinity -  една од најпопуларните на оваа локација и кратка посета/фото стоп на локацијата Bluewaters, многу познато место во новиот дел на Дубаи;

На оваа локација  има можност да се видат:  Ain Dubai, JBR  и музејот на восочни фигури Мадам Тисо.

Вечерна прошетка во Дубаи

Посета на раскошниот  Дубаи Мол, со локален водич каде што следува посета на :

-Бурџ Калифа (Burj Khalifa) – највисоката кула на светот

-Фонтаната Дубаи (Dubai Fountain)

-Дубајската Опера (Dubai Opera)

-Модерниот безистен (souk) – Souk Al Bahar

-Бурџ Калифа парк (Burj Khalifa Park)

-Авенијата на Глуварчето (Dandrellion Light Sculpture@ Dubai Mall)

-Мексичките крилја (Wings of Mexico)

-Хотелот Палас (Palace Downtown)

Индивидуално враќање назад во хотелот во Дубаи.

 

****БУРЏ КАЛИФА влезница 50 евра

Највисоката градба во светот направена од човекот, каде ќе имате можност да ги искусите најбрзите лифтови во светот.

 

***MIRACLE GARDEN И GLOBAL VILLAGE (трансфер, влезници, локален водич) 70 евра

Поаѓање од хотелот околу 14:00 часот. Посета на  две значајни атракции на Дубаи - Miracle Gardens и Global Village.

Дали некогаш сте замислиле како изгледаат рајските градини?

Навистина, овде може да се види целата вештина на градинарот, целото богатство на владетелите на Дубаи, сета моќ, раскош, желба за разлика и екстраваганција. Среде пустина, на местото каде што порано имало сув пустински песок, се појавува оваа разновидност на бои и богатство на мириси...  Сетилото за слух не може да се занемари, со самото присуство на саксофонист, чија музика одекнува низ градината... Miracle Gardens е најголемата цветна градина во светот направена од природни цвеќиња. Овој парк има над 110 милиони цветови кои се распространети на 72.000 квадратни метри и обликувани во различни форми. Оваа градина започна со работа на 14 Февруари, 2014 година на Денот на вљубените.

По посетата на Miracle Garden следува обиколка на  Global Village. Глобалното село е исклучително популарна атракција во Дубаи, каде на едно место се изградени павилјони кои ја претставуваат секоја земја со нивните карактеристични знаменитости, храна, производи и културни специјалитети. Идејата на креаторите на Дубаи била да ги соберат сите култури на едно место, да ги донесат сите убавини на светот во овој град. Па така убавините на Ирак, Иран, Кина, африканските земји, како да се присутни во еден момент, на едно место - така всушност е создадено Global village. Сите значајни земји во светот се претставени со некоја зграда како порта, во чии ѕидови се крие пазар, каде што можете да најдете производи поврзани со дадената земја - национална облека, храна, зачини, чаеви, традиционални танци со традиционална музика. Различните претстави организирани на главната сцена во оваа атракција уште повеќе ја надополнуваат сликата на шарениот колорит од стилови на живеење, музика,танц, песна, храна, знаменитости ...... место за потполно узивање на сите сетила...

 

***ПУСТИНСКО САФАРИ (вклучен трансфер, вечера, безалкохолни пијалоци, локален водич) 65 евра

Попладне (15:00 ч.) поаѓање на ЏИП - САФАРИ ВО ПУСТИНАТА. За време на оваа тура може да се согледа  убавината на бескрајната пустина и нејзините прекрасни дини. Се започнува со авантуристичко возење низ златната пустина по големите песочни дини и завршува со уживање во зајдисонцето. Оваа импресија вклучува и можност да се јава на камила, да се направи тетоважа со Хена или да се проба наргиле пред да се послужи вечерата во кампот. Традиционално забавата ќе биде комплетирана со изведувачи на стомачен танц.  Враќање во Дубаи околу 21:00 часот.

 

АБУ ДАБИ (вклучен трансфер, локален водич) 80 евра

Прошетка низ ремек-делото од бел мермер на Големата џамија Шеик Зајед, патеката Формула 1 и Светот на Ферари, посета но селото Херитиџ каде ќе дознааете повеќе за минатото и за бедуинските почетоци пред нафтената индустрија.

-Големата џамија Шеик Зајед е одличен избор за секој што доаѓа прв пат

-Хотел Emirates Palace 7*

-Ferrari World и патеката Formula 1

-Heritage Village

 

***КРСТАРЕЊЕ ПО ДУБАИ МАРИНА (трансфер, вклучена вечера, безалкохолни пијалоци, водич) 65 евра

Во вечерните часови следува крстарење со брод по Дубајската Марина.

Во текот на крстарењето има можност да се искуси сјајот на модерното Дубаи и да се проследат прекрасните модерни облакодери, панорамското тркало Аин Дубаи и останатите атракции на оваа локација. Сето тоа надополнето  со вечера и забавна програма организирана на самиот брод.

 

Напомена:

-          Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

-          За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 15 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

-          Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување и плаќање на излетите се прави на лице место.

-          Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

-          Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

-          Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

-          Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

-          Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

-          За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.A. СУПЕР ТРАВЕЛ

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија