Во периодот на најубавите божиќни пазари во Италија ве очекува вистинска
празнична бајка! Венеција – господарката на Јадранот – со своите канали,
мостови, гондоли и палати на каналот Гранде, плени со уникатен шарм и празнична
магија. Верона, градот на Ромео и Јулија, ќе ве воодушеви со својата романтична
атмосфера, античкиот амфитеатар и светлата на божиќните штандови. Сирмионе,
бисерот на езерото Гарда, со својата тврдина и живописните улички, во зима
добива дополнителна топлина и празничен дух. А Фиренца, ренесансното срце на
Италија, со своите плоштади, катедрали и уметнички ремек-дела, претставува
кулминација на ова незаборавно патување.
Едно патување, четири фасцинантни града – спој на уметност, историја,
романтика и празнична магија!
Програма на патување:
1.Ден05.12.2025 (петок) Скопје
Состанок на
групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во
13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку
Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински
формалности. Ноќно возење.
2.Ден 06.12.2025 (сабота) Венеција
Пристигнување во претпладневните часови во Италија. Пловидба
со брод кон Венеција и пешачки разглед на градот: плоштадот и црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките,
Дуждевата палата, Мостот Риалто и Каналот Гранде... По разгледот следи слободно време за индивидуални прошетки,
ручек и уживање во волшебната Венеција. Можност за искачување на кулата-ѕвоник,
возење со гондола и посета на Дуждевата палата и црквата Св. Марко (со
доплата). Во договорено време со
водичот на заминување од Венеција. Сместување во хотел. Ноќевање.
3.Ден 07.12.2025 (недела) Фиренца
Појадок. Ден предвиден
за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и
бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза
на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и
го започнуваме разгледот на Фиренца: Понте Векио, Палацо Векио, Галерија дељи
Уфици, Плоштадот Сињори, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, Крстилницата Сан
Џовани... По разгледот оставаме слободно време за индивидуални прошетки и
разгледи, во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во
договорено време со водичот враќање во хотел. Ноќевање.
4. Ден 08.12.2025
(понеделник) Верона, Сирмионе
Појадок. Напуштање на хотелот и
заминување кон Сирмионе и Верона. Ве водиме до Сирмионе и езерото Гарда, место
познато по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура.
Патувањето продолжува кон Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте,
Арената, куќата на Јулија... Слободно време за прошетка и уживање во божиќниот
пазар. Во договорено време со водичот поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и обавување
на царински формалности.
5. Ден 09.12.2025
(вторник) Скопје
Очекувано
пристигнување во Скопје во претпладневните часови, во зависност од задржувањата
по граници.
ПРОМО цена за
комплетна уплата до 15.10.2025 - 149€/9.238ден
ПРОМО цена за
пријава до 15.11.2025 - 159€/9.858ден
Редовна цена на
аранжманот 169€/10.478ден
Цена во евра за
уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за
најмалку 2 лица во соба
Во цената на
аранжманот е вклучено:
- Превоз со
високо туристички автобус на наведената релација
- Сместување во
хотел 3* во Венето на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани
посети според програмата
- Организација,
реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.
Во цената на
аранжманот не е вклучено:
- Патничко и
здравствено осигурување
- Задолжителна
посета и разглед на Венеција - 30€ (доплата на лице место)
- Задолжителна
посета и разглед на Верона и Сирмионе - 20€(доплата на лице место)
- Факултативна
посета на Фиренца - 55€ (мин. 30 пријавени доплата на лице место)
- Доплата за
туристичка такса на рецепција во хотел (5€ по лице за престој доплата на лице
место)
- Индивидуални
трошоци (влезници за музеи..)
Промо пакет факултативи: 95€ наместо 105€!
Попусти и опционални доплати:
- Доплата за
еднокреветна соба 40€/2.480ден,
- Дете до 12год
во придружба на 2 возрасни -10% попуст
- Трето лице на
дополнителен кревет плаќа полна сума на аранжманот,
- Доплата за
одбирање на ред на седење во автобус 20€/1240мкд (мин. 2 седишта),
- Доплата за
дополнително седиште во автобус 80€/4.960ден.
Важни напомени:
- За
реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 40 патници,
организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да
го откаже патувањето најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
- За ова
патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци
пред истек од датумот на враќање, организизаторот не носи одговорност во случај
на невалидна патна исправа.
- За
реализација на факултативните излети потребен е минимум од најмалку 30 патници,
во случај на недоволен број на пријавени огранизираторот го задржува правото да
ја зголеми цената на факултативата или истатата да ја откаже.
- Организаторот
го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во
случај на потреба.
- За овој
аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Супер Травел.