СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАТУВАЊЕ - 📢 Информација за патници – Нов систем за влез/излез во ЕУ (EES) 📅 Од 12 октомври 2025 година

📢 Информација за патници – Нов систем за влез/излез во ЕУ (EES) 📅 Од 12 октомври 2025 година

Почитувани патници,
Ве информираме дека од 12 Октомври 2025 година, Европската унија воведува нов систем за влез/излез во земјите на ЕУ и ќе важи за сите лица кои не се државјани на ЕУ.
Што претставува EES?
Европскиот систем за влез/излез е нова автоматизирана ИТ платформа која ќе регистрира:
⏺Време и место на влез и излез од Шенген-зоната
⏺Биометриски податоци (фотографија и отисоци од прсти)
⏺Податоци од патната исправа и видот на патната исправа
Дозволена должина на престој (максимум 90 дена во период од 180 дена).
На кого се однесува?
Системот ЕЕС се однесува на државјаните на земјите кои не се дел од шенген зоната, кои патуваат во Шенген-зоната без визи, туристички (краткорочен престој 90 дена во период од 180 дена).
Што значи ова за патниците?
⏺Нема да се стави печат на пасошите при влез/излез – податоците ќе се евидентираат електронски;
⏺Патниците ќе мора да поминат биометриска регистрација при првиот влез ( отисоци од прсти и фотографија)
⏺Системот автоматски ќе следи дали некој ја надминал дозволената должина на престој во Шенген зоната.
Што да очекуваат патниците?
Во почетниот период можно е да има подолги редици додека системот се усовршува, но автоматизираните порти и апликации ќе овозможат побрза проверка за идните патувања. Сите собрани податоци ќе се чуваат според строги правила за заштита на лични информации.
За повеќе информации и поддршка, може да се провери на вебстраната: Entry/Exit System – European Commission Официјалната страница е достапна преку порталот на европската комисија и објаснува што е EES, неговата цел, опсег, безбедносни и технолошки аспекти: Migration and Home Affairs.: https://home-affairs.ec.europa.eu/.../entry-exit-system_en
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија