СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 8 МИ ДЕКЕМВРИ 2025 - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - КАПАДОКИЈА -06.12.25

КАПАДОКИЈА -06.12.25

Кападокија – бајка испишана на небото

Замисли да се разбудиш со изгрејсонце што нежно го бои небото во златно, а над тебе лебдат стотици шарени балони. Под тебе – бескрајни долини, уникатни карпести форми и мистична убавина која изгледа како да не припаѓа на овој свет. Тоа е Кападокија – магично место каде времето застанува, а секој момент изгледа како сцена од романтичен филм.

ТЕРМИНИ:

20.11 – 24.11

06.12 – 10.12

25.12 – 29.12

08.01.2026 – 12.01.2025

05.02.2026 – 09.02.2026

ПРОМОТИВНА ЦЕНА (за првите 6 уплати): 349 евра по лице

РЕГУЛАРНА ЦЕНА: 399 евра по лице


1.ДЕН - СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - КАЈСЕРИ

Состанок на меѓународниот аеродром во Скопје 2 часа пред летот, по што следува чекирање и задолжителни пасошки и царински формалности. Се полетува во 10:50 часот, со компанијата PEGASUS AIRLINES. Слетување во Истанбул и преместување на домашниот терминал од каде што летот продолжува за Кајсери, со 5 часа разлика помеѓу летовите. Пристигнување во Кајсери во 20:50 часот. Трансфер до хотелот во местото Ѓореме во самото срце на Кападокија. Следува сместување во хотел.Ноќевање.

2.ДЕН - ЛЕТАЊЕ СО БАЛОН/ МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА (ЦРВЕНА ТУРА)

Појадок. Во раните утрински часови нудиме доживување кое се памети! Можност за факултативно летање со балон над прекрасната Кападокија (поаѓање од хотел во раните утрински часови). Покрај магичните впечатоци кои ќе ви останат во трајно сеќавање, Кападокија се издвојува и по шарените балони кои што претставуваат и прва асоцијација на овој магичен град и патувањето со нив е најомилената активност на посетителите. Факултативниот излет го започнуваме во раните утрински часови  пред изгрејсонце, а самиот лет трае околу 1 час. Балоните немаат однапред испланирана рута туку летаат буквално каде што ги носи ветрот. Се искачуваме на 300м надморска висина, а под нас се наоѓа цела област прекриена со фантастични релјефни формации, кои се формирани од бел вулкански пепел, а нив локалното население ги нарекува “Вилински оџаци”. Преку стотина балони се истовремено во воздухот, додека ние уживаме во фасцинантната глетка на изгрејсонцето. Чудесниот лет завршува со слетување во непосредна близина од местот од кое што сме полетале, каде што не чекаат комбиња кои не враќаат назад во градот.

Следува целодневен факултативен излет “мистична Кападокија” (северна т.е црвена тура). За време на оваа преубава тура ќе имате прилика да се запознаете со најубавите и најпознати предјадења на Кападокија. Излетот го започнуваме веднаш по појадокот, а нашата прва станица е величенствениот видиковец кој е сместен над градот Ѓореме, каде што од страна на локалниот водич ќе ги добиеме сите информации и занимливости за богатата историја на Кападокија и единствените камени формации, чиј географски облик е формиран пред околу 10.000 години. По панорамскиот разглед се посетува замокот “Uchisar” и највисоката точка на Кападокија – музејот на отворено Ѓореме (кој е под заштита на УНЕСКО) во кој се сместени некои од најдобрите примероци од куќи и цркви во карпи. Можност и за посета на традиционалната фабрика за грнчарство или некоја од продавниците за килими. Патот понатаму не води кон напуштеното село Чавушин и местото Аванос, по што правиме пауза за ручек каде што ќе ја дегустираме автентичната турска кујна. На оваа тура ќе имате прилика да направите фасцинантни фотогравии во долината Пасабаг, како и во Монковата долина препознатлива по специфичните оџаци на куќите кои се во облик на печурка, како и во долината Деврент позната по своите карпи во облик на животни. Во попладневните часови следува враќање кон хотелот. Слободно време за одмор и уживање. Ноќевање.


3.ДЕН - ДРЕВНА КАПАДОКИЈА (ЗЕЛЕНА ТУРА)

Појадок. По појадокот следува факултативен излет во претпладневните часови кој го започнуваме со посета на подземниот град Деринкују, кој е еден од најголемите подземни градови во светот. Во него некогаш живееле околу 50.000 жители на 8 различни нивоа и претставува најголем пронајден подземен град во Турција. Денес за туристички цели се отворени 4 нивоа, а шетајки низ тунелите ќе откриеме фасцинантни винарии, кујни и соби за дневен престој кои датираат уште од 7 век п.н.е. Потоа одиме во долината Ихлара и проаѓаме низ долгиот кањон на реката Мелендиз, која претставува необична збирка на изрезбани карпи во кои се наоѓаат стотина куќички, испресечени со голем број рекички. Ќе направиме пазуа во селото Белисирма, каде што ќе имаме слободно време за ручек. Излетот го продолжуваме до манастирот Селме, најголем камен манастир во Кападокија со огромна пештерска катедрала и преубав поглед на околината.  По враќањето во Учисар застануваме на преубавиот видиковец кој гледа кон голубовата долина, каде што ќе дознаеме зошто гулабите отсекогаш имале посебно место во срцата на жителите на Кападокија. Во попладневните часови следува враќање кон хотелот. Слободно време за одмор и уживање. 

4.ДЕН - "QUAD BIKE" ТУРА/ ЈАВАЊЕ КОЊИ/ ТУРСКА ВЕЧЕР

Двочасовна тура на четирицикли за истражување на најубавите краеви на Кападокија. Нестандарден разглед и необична авантура низ Ѓореме, Ѓулудере долината, Љубовната долина и селото Вуавушин. Со овие четирицикли е прилично лесно да се управува, целосно се автоматизирани, така што не е потребно претходно искуство. Рутата која се вози е внимателно одбрана да не биде застрашувачка, туку пријатна и полна со уживање.

Потоа, следува јавање на коњи. Кападокија на персиски значи ,,Земја на преубави коњи" и најпопуларна активност, која се поистоветува со значењето на пределот е токму јавањето коњи. Ќе се движиме низ несекојдневните долини како што е долината на розите, Белата долина и така натаму. Уживаме во неверојатните пејсажи, додека галопираме по патеките окружени со ,,вилински оџаци", далеку од гужвата.

Во вечерните часови, се упатуваме кон ресторанот каде што ќе се оддржи традиционалната Турска вечер. Вечер исполнета со традиционални јадења од Турција и Кападокија, локални пијалоци и музика. Дополнително, програмата ќе ја збогатат танчери и фрлачи со ножеви, кои ќе изведуваат традиционални танци и ќе прикажат некои од своите најпопуларни точки. По вечерата, следува враќање кон хотелот.


5.ДЕН - КАЈСЕРИ - ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Следува напуштање на хотелот и трансфер до аеродромот во Кајсери. Чекирање на летот за Истанбул. Летот од Кајсери до Истанбул е закажан за во 10:30ч. Слетување во Истанбул и чекирање на летот од Истанбул за Скопје. Слетувањето во Скопје е предвидено за во 15:45ч по локално македонско време.


ВЛУЧЕНО:

  • 4 ноќевања со појадок во Elegance suite, Gedik cave house или сличен
  • Авионски карти на релација Скопје-Истанбул-Кајзери-Истанбул-Скопје, со рачен багаж до 3кг (40цм х 30цм х 15цм)
  • Аеродромски такси
  • Лиценциран водич над 15 луѓе
  • Трансфер аеродром - хотел - аеродром


НЕ ВЛУЧЕНО:

  • Доплата за куфер - 40 евра (3кг + 7кг + 20кг)
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса - 15 евра по лице за целиот престој
  • Кападокија од воздух - магичен лет со балон - 250 евра
  • Мистична Кападокија - Црвена тура - 60 евра
  • Quad Bike - 40 евра
  • Јавање коњи - 50 евра
  • Древна Кападокија - 70 евра
  • Турска вечер - 60 евра
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија