Појадок. По појадокот следува факултативен излет во претпладневните часови кој го започнуваме со посета на подземниот град Деринкују, кој е еден од најголемите подземни градови во светот. Во него некогаш живееле околу 50.000 жители на 8 различни нивоа и претставува најголем пронајден подземен град во Турција. Денес за туристички цели се отворени 4 нивоа, а шетајки низ тунелите ќе откриеме фасцинантни винарии, кујни и соби за дневен престој кои датираат уште од 7 век п.н.е. Потоа одиме во долината Ихлара и проаѓаме низ долгиот кањон на реката Мелендиз, која претставува необична збирка на изрезбани карпи во кои се наоѓаат стотина куќички, испресечени со голем број рекички. Ќе направиме пазуа во селото Белисирма, каде што ќе имаме слободно време за ручек. Излетот го продолжуваме до манастирот Селме, најголем камен манастир во Кападокија со огромна пештерска катедрала и преубав поглед на околината.  По враќањето во Учисар застануваме на преубавиот видиковец кој гледа кон голубовата долина, каде што ќе дознаеме зошто гулабите отсекогаш имале посебно место во срцата на жителите на Кападокија. Во попладневните часови следува враќање кон хотелот. Слободно време за одмор и уживање. 
Двочасовна тура на четирицикли за истражување на најубавите краеви на Кападокија. Нестандарден разглед и необична авантура низ Ѓореме, Ѓулудере долината, Љубовната долина и селото Вуавушин. Со овие четирицикли е прилично лесно да се управува, целосно се автоматизирани, така што не е потребно претходно искуство. Рутата која се вози е внимателно одбрана да не биде застрашувачка, туку пријатна и полна со уживање.
Потоа, следува јавање на коњи. Кападокија на персиски значи ,,Земја на преубави коњи" и најпопуларна активност, која се поистоветува со значењето на пределот е токму јавањето коњи. Ќе се движиме низ несекојдневните долини како што е долината на розите, Белата долина и така натаму. Уживаме во неверојатните пејсажи, додека галопираме по патеките окружени со ,,вилински оџаци", далеку од гужвата.
Во вечерните часови, се упатуваме кон ресторанот каде што ќе се оддржи традиционалната Турска вечер. Вечер исполнета со традиционални јадења од Турција и Кападокија, локални пијалоци и музика. Дополнително, програмата ќе ја збогатат танчери и фрлачи со ножеви, кои ќе изведуваат традиционални танци и ќе прикажат некои од своите најпопуларни точки. По вечерата, следува враќање кон хотелот.
Појадок. Следува напуштање на хотелот и трансфер до аеродромот во Кајсери. Чекирање на летот за Истанбул. Летот од Кајсери до Истанбул е закажан за во 10:30ч. Слетување во Истанбул и чекирање на летот од Истанбул за Скопје. Слетувањето во Скопје е предвидено за во 15:45ч по локално македонско време.
ВЛУЧЕНО:
- 4 ноќевања со појадок во Elegance suite, Gedik cave house или сличен
- Авионски карти на релација Скопје-Истанбул-Кајзери-Истанбул-Скопје, со рачен багаж до 3кг (40цм х 30цм х 15цм)
- Аеродромски такси
- Лиценциран водич над 15 луѓе
- Трансфер аеродром - хотел - аеродром
НЕ ВЛУЧЕНО:
- Доплата за куфер - 40 евра (3кг + 7кг + 20кг)
- Индивидуални трошоци
- Патничко осигурување
- Туристичка такса - 15 евра по лице за целиот престој
- Кападокија од воздух - магичен лет со балон - 250 евра
- Мистична Кападокија - Црвена тура - 60 евра
- Quad Bike - 40 евра
- Јавање коњи - 50 евра
- Древна Кападокија - 70 евра
- Турска вечер - 60 евра