РИМ-07.12.25

CHRISTMAS MARKET

РИМ – CHRISTMAS MARKET 2025

07 – 10 ДЕКЕМВРИ 2025 ГОДИНА

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА: (за првите 10 уплати!!!)

399 евра по лице (сместување во трокреветна соба)

449 евра по лице (за сместување во двокреветна соба)

 

РЕГУЛАРНА ЦЕНА:

449 евра по лице во трокреветна соба

499 евра по лице во двокреветна соба

 

Добредојдовте во Рим – магијата на божиќните пазари во Вечниот град!

Замислете си како шетате под ѕвезденото римско небо, со Колосеумот во позадина, кој гордо сведочи за вековите поминати. Улиците се исполнети со мирис на топло греано вино и свежо печени колачиња, додека фонтаната ди Треви нежно блеска во празничните светилки. Овој декември, Вечниот град ве кани да ја доживеете вистинската магија на Божиќ, опкружени со историја, уметност и бескрајна романса.

 

*** Целодневен пешачки разглед на Рим со вклучен ручек на Пантеон – 60€

Целокупна организација со стручен водич на сите најзначајни културно-историски знаменитости и туристички атракции во градот: pлоштадот Св. Петар во Ватикан, базиликата св.Петар на истоимениот плоштад, тврдината Свети Архангел, барокниот лоштад Навона, култниот Пантеон, Фонтана ди Треви, шпанскиот плоштад заедно со шпанските скали, плоштадот Венеција, Римските форуми, Колосеум… Во текот на разгледот вклучен е и ручек во ресторан на култниот плоштад на Пантеон (ручекот вклучува пица или паста по избор и традиционален Aperol Spritz) за вистинско италјанско уживање. (цената вклуѕчува целосна организација со стручен водич за знаменитостите кои се посетуваат, како и картите за јавен превоз кој ќе биде искористен при разглед на вечниот град – Рим, како и вклучен ручек како во описот на излетот).

    ***Ватикански музеи (50 – 70 по лице во зависност од бројот на пријавени)

Цената на факултативниот излет вклучува превоз со јавен превоз до Ватикан, влезница, како и    локален водич со слушалки. Времетраење на излетот – околу 2:30ч

 

Линк до сместувањето: https://roma.huopenair.com/


1.ДЕН (07.12 Недела) СКОПЈЕ – РИМ

Состанок со групата на скопскиот аеродром во 17:00ч. Чекирање на летот за Рим. Полетувањето е закажано за во 18:55ч. Летот до Рим е во времетраење од 1ч и 50мин. Слетувањето на аеродромот Fiumicino во Рим е предвидено за во 20:45ч. Трансфер до сместувањето. Сместување. Слободно време. Ноќевање.


2.ДЕН (08.12 Понеделник) РИМ - ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД

Овој ден е предвиден за целодневна можност за факултативен пешачки разглед на вечниот град - Рим. Со јавен транспорт се упатуваме кон централното градско подрачје на Рим од каде што го започнуваме нашиот пешачки разглед на градот со најзначајните и најатрактивните културно-историски знаменитости во градот и тоа: По завршувањето на пешачкиот разглед следува слободно време за дополнително индивидуално уживање во прекрасниот Рим. Враќање со јавен транспорт назад кон сместувањето. Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.


3.ДЕН (09.12 Вторник) РИМ – ПОСЕТА НА ВАТИКАНСКИТЕ МУЗЕИ

Овој ден е предвиден за одлична можност за факултативна посета на Ватиканските музеи – познати како светот на бесмртната уметност. Скриени зад ѕидините на најмалата држава на светот, носат историја, уметност, вера и моќ. По завршувањето на излетот, следува слободно време за посета на Божиќниот пазар (Christmas market) лоциран на плоштадот Навона во центарот на Рим... Враќање назад кон сместувањето. Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.


4.ДЕН (10.12 Среда) РИМ – СКОПЈЕ

Напуштање на сместувањето и слободно време доколку некој сака дополнително да го посети Рим. Во договорено време со организиран трансфер се упатуваме кон римскиот аеродорм Fiumicino. Чекирање на летот за Скопје. Летот од Рим е закажан за во 21:30ч. Слетување на скопскиот аеродром во 23:10ч. Крај на програмот.


ВКЛУЧЕНО:

  • Повратен авио билет на релација Скопје – Рим – Скопје со авио компанијата Wizz Air
  • Аеродромски такси, багаж со димензии на ранец 40x30x20cm,
  • Трансфери на релација аеродром – хотел – аеродром
  • 3 ноќевања во 1/2 или 1/3 бунгалов во најголемиот и најлуксузен кампинг “HU Roma camping in town 4* во Рим
  • Лиценциран пратител од Т.А Рапсоди Травел за време на целото патување, комплетна организација на патувањето (на мин.15 пријавени патници)
  • Резервација на место со мин. уплата од 10.000 денари

  • НЕ ВКЛУЧЕНО:
  • Патничко здравствено осигурување,
  • Туристичка такса во хотелот 10 евра по лице за целиот престој,
  • Дополнителен багаж по желба и избор (куфер 10 кг – 20 евра по лице по правец, куфер 20кг – 50 евра по лице по правец)
  • Организирани факултативни излети и влезници
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија