ПАРИЗ-06.12.25

ПАРИЗ – CHRISTMAS MARKET 2025

06 – 10 ДЕКЕМВРИ 2025 ГОДИНА

 

Божиќен амбиент во Париз – градот што мириса на кроасани, изгледа како уметничко дело на секој чекор, но француското вино го покажува шармот преточен низ париските тесни улички. Од  врвот на Ајфеловата кула па до  романтичните клупи покрај Сена, Париз не е само град – тој е чувство. Градот кој ви нуди прошетка низ историјата, модата, но и едни од најубавите слатки во светот. Париз – градот каде булеварите ги инспирирале поетите, кралевите ги оставиле палатите, а посетителите прераскажуваат за музеите. Овој божиќен период и божиќните маркети се вистинска можност да уживате во градот на светлината, љубовта и романсата.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА: (за првите 10 уплати!!!)

399 евра по лице (сместување во трокреветна соба)

449 евра по лице (за сместување во двокреветна соба)

 

РЕГУЛАРНА ЦЕНА:

449 евра по лице во трокреветна соба

499 евра по лице во двокреветна соба

 

*** Целодневен разглед на Париз и организирана посета на La Defanse Christams Market – 50е

Целокупна организација со стручен водич на сите најзначајни културно-историски знаменитости и туристички атракции во градот: Палатата на инвалидите, Марсовите полиња, мостот Александар III, музејот Лувр, парковите Тилери, плоштад Конкорд, светски познатата авенија Шанзелизе, Триумфалната капија, Трокадеро, Мулен Руж, Монмартр, Базилика Свето Срце, Операта Гарние, Катедрала Нотр Дам, Латински кварт, Сорбона, како и организирана посета на еден од најпознатите божиќни локации во француската престолнина во елитниот дел на градот – La Defanse каде се наоѓа и новата модерна Триумфална порта во градот. Во текот на активностите се користи париското метро за превоз на наведените локации во програмата (организација, стручен водич, потребните метро карти се вклучени во цената).

 

*** Кралска палата ВЕРСАЈ – 50е

Организирана посета на палатата и индивидуално уживање во нејзината внатрешност со наведените кралски простории во програмата од времето на моќта на француските средновековни кралеви како Луј XIV, Луј XV, Луј XVI, целокупниот гламур, но и многубројните балови кои биле организирани овде, местото од кое се владеела целокупната француска држава (влезница, превоз со воз RER на наведената релација, резервација, организација).

 

***Крстарење по реката Сена – 25е

Крстарење по реката Сена со панорамски брод како што е наведено во програмата на пристаништето кое се наоѓа во подножјето на Ајфеловата кула и една поинаква димензија за доживување на знаменитостите во градот кои се наоѓаат од двете страни на реката- дел кој беше место каде се движеа олимписките поворки и државни спортски делегации за време на отворањето на минатогодишните летни олимписки игри, чиј домакин беше градот Париз– влез-карта за брод.

 

***Парк Дизниленд – 150е

Со сигурност најпознатиот и најпосетуваниот тематски парк во светот, а тоа е Дизниленд. Опфаќа два тематски парка и тоа Disneyland Park и Walt Disney Studios Park со многубројни атракции и занимливости како што се: Sleeping Beauty Castle, Big Thunder Mountain, Pirates of the Caribbean, Space Mountain, Ratatouille: The Adventure, Crush”s Coaster, Avengers Campust и многу други атракции во кои со сигурност посетителот ќе ужива. Парковите се исполнети со ресторани, кафулиша, шопинг зони итн. (Цената вклучува однапред резервирана влезница и логистичка организација на посетата и ги вклучува и двата тематски парка). Во координација со водичот индивидуално се набавуваат карти за јавен превоз за пристигнување во парковите.

 

Линк до сместувањето: https://all.accor.com/hotel/3491/index.en.shtml?utm_campaign=seo+maps&utm_medium=seo+maps&utm_source=google+Maps

 

Напомена: Организаторот го задржува правото за промена во распоредот на излетите по денови согласно условите и организациско-техничките аспекти.


ПРВ ДЕН (06.12.2025 - САБОТА) СКОПЈЕ - ПАРИЗ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје, 2 часа пред летот за check in, пасошки процедури и административни формалности. Полетување кон Париз (слетување на аеродром Париз Орли) со авиокомпанијата Easy Jet во 19:10 часот. Планирано е летот да трае 2 часа и 30 минути (пристигнување 21:40 часот) Следува организиран трансфер до хотелот и сместување.
Следува слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.

ВТОР ДЕН (07.12.2025 - НЕДЕЛА) - ПАРИЗ

Ден наменет за вистинско уживање и разглед на градот на светлината и романсата преку целодневна факултативна тура низ Париз со нашиот водич (се возиме со метро : Палатата на инвалидите, Марсовите полиња, мостот Александар III, музејот Лувр, парковите Тилери, плоштад Конкорд, светски познатата авенија Шанзелизе, Триумфалната капија, Трокадеро, Мулен Руж, Монмартр, Базилика Свето Срце, Операта Гарние, Катедрала Нотр Дам, Латински кварт, Сорбона. Вечерта, следува дополнителна можност за факултативна крстарење PARIS «by night» - Едночасовно романтично возење по реката Сена со панорамски брод «BATEAUX PARISIEN».
Потоа следува можност за индивидуална факултативна посета на LE TOUR EIFFEL (Ајфеловата кула) со фасцинантна панорама на градот од величествена вечерна перспектива.
Враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (08.12.2025 - ПОНЕДЕЛНИК) - ДИЗНИЛЕНД

Организиран факултативен излет и патување до „ЕВРО ДИЗНИЛЕНД ПАРК“, кој според анкетите на нашите претходни групи и патници во текот на изминатите 10 години, е избран за НАЈАТРАКТИВНА можност за уживање во нашата понуда.
Голем број атракции за сите генерации... Посетете го најуникатниот забавен парк во Европа со неограничено користење на сите атракции и присуство на шоу програми, како и посебната парада на ликовите од цртаните филмови согласно дневните распореди во забавниот парк... Не пропуштајте ја можноста еднаш годишно да заборавите на секојдневието и да уживате во убавините на овој парк... По целодневниот престој и уникатното доживување следува враќање во хотел. Ноќевање.


ЧЕТВРТИ ДЕН (09.12.2025 - ВТОРНИК) – ВЕРСАЈ – LA DEFANSE CHRISTMAS MARKET

Организиран факултативен излет и заминување (поаѓање со RER - брз воз) до музејот „ВЕРСАЈ“. Разглед на поранешниот замок на француските кралеви и еден од најпознатите музеи во светот. Индивидуална тура низ палатата на Луј XIV, совршен пример за францускиот барок. Препорачуваме прошетка во неговите елегантни паркови. По разгледот и уживањето во версајската палата и средновековната моќ на француските кралеви, следува враќање кон срцето на градот Париз.
Слободно време за индивидуално уживање во раскошот, гламурот и амбиентот во централното градско подрачје и срцето на француската престолнина..
Во доцните попладневни часови следува одлична можност за факултативна посета на еден од најатрактивните и најголемите CHRISTMAS MARKET-и во градот во пределот на елитниот дел LA DEFANSE (организација, посета, возење со метро) со исклучителна можност за уживање во божиќниот шарм на градот и дегустација на најразлична вкусна кујна и пијалоци (во преден план специјалните француски вина).
Сите кои ќе го посетат CHRISTMAS MARKET-от на LA DEFANSE во вечерните часови организирано заедно се враќаме кон хотелот. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН (10.12.2025 - СРЕДА) – ПАРИЗ - СКОПЈЕ

Одјавување од хотелот во раните утрински часови и организиран трансфер до аеродромот. Лет за Скопје во 11:45 часот, пристигнувањето во Скопје е планирано во 14:20 часот.

ВКЛУЧЕНО:

  • Повратна авионска карта на релација Скопје-Париз (Орли)-Скопје со компанијата EasyJet;
  • Аеродромски такси, багаж со димензии на ранец 45x36x20cm, вклучувајќи рачки и тркала;
  • Организирани трансфери аеродром-хотел-аеродром;
  • 4 ноќевања со во хотел IBIS Aubervillier 2* или хотел со слични карактеристики и категоризација;
  • Комплетна организација со стручен водич (на мин.15 пријавени патници)
  • Резервација на место со мин. уплата од 10.000 денари

  • НЕ ВКЛУЧЕНО:

  • Патничко здравствено осигурување;
  • Туристичка такса во хотелот 10 евра по лице за целиот престој;
  • Организирани факултативни излети и влезници.
  • Багаж 10кг - 56х45х25см - 80 евра

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија