СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 8 МИ ДЕКЕМВРИ 2025 - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - МАДРИД-06.12.25

МАДРИД-06.12.25

МАДРИД – CHRISTMAS MARKET 2025

06 – 09 ДЕКЕМВРИ 2025 ГОДИНА

Во декемвриската магија на Мадрид, Божиќниот базар на Пласа Мајор е вистинска празнична сцена каде светлата блескаат, музиката одекнува, а мирисите од штандовите те водат како компас.
Тука ќе најдеш топли печени костени, слатки „турон“ и крцкави „чурос“ натопени во густо топло чоколадо. Чашата ароматично греано вино или традиционална „сангрија де навидад“ ќе те стопли додека шеташ низ шарените штандови со украси и рачно изработени подароци. Мадрид за божиќниот период не е само дестинација – тоа е празник за сите сетила, каде храната, пијалакот и атмосферата создаваат совршена божиќна приказна.

 

РЕГУЛАРНА ЦЕНА:

499 евра по лице во двокреветна соба

 

Линк од хотелот: https://all.accor.com/hotel/C0U5/index.es.shtml


ПРВ ДЕН ( 06.12.2025 ) СКОПЈЕ - МАДРИД

Состанок на аеродромот во Скопје 2 часа пред летот за check in и пасошки процедури. Лет за Мадрид со WIZZ AIR во 16:05 часот. Планирано е пристигнување во 20:00 часот. Трансфер до хотелот и сместување во хотелот. Слободно време. Ноќевање.

ВТОР ДЕН ( 07.12.2025 ) МАДРИД

Ден наменет за целодневна факултативна посета на Мадрид со нашиот водич МАДРИД– со јавен превоз се упатуваме кон центарот на градот. Следува разглед со стручен водич…Plaza Espana, Gran Via, Plaza Mayor, Puerta Del Sol, Puerta De Toledo, паркот Retiro, плоштадот Sibeles, Salamanka…слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН ( 08.12.2025 )

Ден наментет за индидуално разгледување на градот и уживање во шпанската престолнина. Препорачуваме да одите до главниот градски парк Ретиро, во чиј центар има езеро, кое во лето жителите на Мадрид уживаат возејки се со мали чамци. Во паркот, меѓу другото, се наоѓа и величествениот споменик на Алфонсо XII и две прекрасни палати, Паласио де Веласкез и Паласио де Кристал (Кристален дворец). Вечерта, предлагаме посета на барови кои служат тапас , нешто што морате да го пробате кога сте во Мадрид. Најдобрите улици за тапас се Кава Баха и Кава Алта, каде што се наредени кафулиња и ресторани, идеални за уживање во опуштената атмосфера на тапас баровите. Дополнително предлагаме факултативна посета на традиционалниот шпански танц, фламенко шоу, каде што ќе имате можност на вистински начин да го почуствувате духот на Шпанија. Ноќевање.


ЧЕТВРТИ ДЕН ( 09.12.2025 )

Одјавување од хотелот најдоцна до 9 часот. Слободно време за индивидуални активности. Лет за Скопје во 20:45 часот, пристигнувањето во Скопје е планирано во 00:15 часот. Крај на програмата.


ВКЛУЧЕНО:

  • Повратен лет Скопје- Мадрид-Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси, димензии на ранец 40 x 30x 20cm ( вклучувајќи рачки и тркала )
  • Трансфери аеродром-хотел-аеродром
  • 3 ноќевања во хотел IBIS STYLES VALDEBEBAS 3* или сличен
  • Комплетна организација со стручен водич (на мин.15 пријавени патници)
  • Резервација на место со мин. уплата од 10.000 денари


НЕ ВКЛУЧЕНО:
  • • Патничко здравствено осигурување
  • • Туристичка такса во хотелот 3 евра по лице по ноќ
  • • Факултативни екскурзии:
  • • Разглед на Мадрид со стручен водич - 40 евра
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија