СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 8 МИ ДЕКЕМВРИ 2025 - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - ВЕНЕЦИЈА И ОСТРОВИТЕ-06.12.25

ВЕНЕЦИЈА И ОСТРОВИТЕ-06.12.25

CHRISTMAS MARKET – ВЕНЕЦИЈА И ОСТРОВИТЕ

(БУРАНО, МУРАНО И ТОРЧЕЛО)

АВИО – 06.12 – 09.12

 

ВЕНЕЦИЈА – градот на безвременската уметност и архитектура.

Доживејте го божиќниот шарм на венецијанската лагуна испреплетена со каналите во историскиот град, слушајќи ја романтичната приказна за Казанова и мостот на воздишките, градот на милениумската млетечка република преку базиликата на Свети Марко и палатата на дуждевите. Уживајте во традиционалната венецијанска кујна и пијалоци, слушајќи ги приказните за едно време кое оставило вистински белег на светската историја и уметност.

Божиќниот период е вистинска можност за романса и уживање.

 

Регуларна цена на аранжманот: 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА: (за првите 10 уплати!!!)

299 евра по лице (сместување во трокреветна соба)

349 евра по лице (за сместување во двокреветна соба)

 

РЕГУЛАРНА ЦЕНА:

349 евра по лице во трокреветна соба

399 евра по лице во двокреветна соба

 

Линк од сместувањето: https://venezia.huopenair.com/

Itinerary

1 Ден - 06.12 (Сабота) - СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:00 часот. Лет за Венеција во 11:55ч. Пристигнување на аеродромот Марко Поло во 13:40ч. Трансфер од аеродром до сместување, во центарот на Маргера (предградие на Венеција). Сместување…Ноќевање.


2 Ден -07.12 (Недела) МУРАНО – БУРАНО – ТОРЧЕЛО

Утрото започнуваме со факултативна посета на трите најпознати острови во Лагуната на Венеција (Мурано, Бурано и Торчело). Лагуната брои вкупно 120 острови од кои само 11 се населени, од кои овие три не треба да ги пропуштите. Мурано е трет по големина и иако поседува многу знаменитости најпознат е по изработка на Мурано стаклото од кое призведуваат накит, прозорци, лустери, огледала, чинии, вазни… Музејот на стаклото е сместен во палатата Јустинијан на самиот остров… Во 13в Мурано било летувалаште на познатите аристократи кои изградиле прекрасни вили со богати градини и овоштарници. Главниот приход на Бурано во минатото бил риболовот. Мажите претежно се занимавале со риболов, додека жените биле посветени на обработка и везење на чипка која до ден денеска се изработува. Бурано е познат по шарените куќи кои го обиколуваат целиот остров секоја со различна боја од претходната, за да рибарите кои се враќале од риболов во темните ноќи можеле да си ја препознаат својата куќа. Торчело е најстариот населен остров, познатата црква Санта Марија Асунта располага со импресивни мозаици. Нејзината камбанарија нуди незаборавен поглед на лаугната. Во Торчело се наоѓа познатиот хотел и ресторан Локанда Ципријани каде што често престојувал Ернест Хемингвеј. Враќање во Маргера. Ноќевање.


3 Ден - 08.12 (Понеделник) ВЕНЕЦИЈА

Во пладневните часови заминување кон организиран панорамски разглед со водич на Венеција. Пристигнување со јавен превоз до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко , Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Во слободното време препорачуваме посета на ѕвоникот на Сан Џорџио Маџоре и преубавата фасада на Паладио, од каде што имате преубав поглед на Венеција. После разгледот на Венеција, заминуваме кон еден од најпознатите острови во Венецијанската лагуна, островот Лидо ди Венеција, и посета на еден од најпознатите објекти, филмската палата во Венеција, од кадешто потекнува денешниот фестивал на филмот, којшто се одржува во Кан, меѓутоа, како резултат на револтираниот Филип Ерлаж, којшто по посетата на Венецијанскиот филмски фестивал, револтиран од пристрасноста на нацистичкото жири, одлучува истиот да го пресели и организира во Кан. Тука секоја година традиционално се оджува Венецијанскиот филмски фестивал, каде како главна награда се доделува Златниот крилест лав, симбол на некогшната Млетачка република. Следува пауза за ручек во еден од многубројните ресторани уживајќи во вкусната италијанска кујна… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање кон Маргера. Ноќевање.


4 Ден - 09.12 (Вторник) ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ

Напуштање на хотелот. Слободен ден за индивидуални прошетки. Во предпладневните часови, трансфер до аеродромот Марко Поло. Лет за Скопје во 14:15ч. Пристигнување во Скопје во 15:55 часот.


ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз: Скопје – Венеција – Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
  • 3 ноќевања во HU Venezia Camping in town 4**** https://venezia.huopenair.com/
  • Рачна торба торба (ранец - 40x30x20cm)
  • Oрганизирани трансфери во Венеција: аеродром – хотел – аеродром
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето (на мин.15 пријавени патници)
  • Резервација на место со мин. уплата од 10.000 денари

  • НЕ ВКЛУЧЕНО:

  • Здравствено – патничко осигурување
  • Факултативен разглед на Мурано, Бурано и Торчело – 45 €
  • Панорамски разглед на Венеција и Лидо ди Венеција со водич (доплата за јавен превоз Местре-Венеција-Местре) – 40 евра
  • Туристичка такса – 10€ по лице за целиот престој
  • Билети за јавен превоз со автобус или железница
  • Влезници за културно-историските споменици
  • Дополнителен багаж по желба и избор (куфер 10 кг – 20 евра по лице по правец, куфер 20кг – 50 евра по лице по правец)
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија