АТИНА 8МИ ДЕКЕМВРИ
Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 189 евра 11.718мкд
ПРОМО ЦЕНА 159 eвра /9,860мкд за резервации до 15.10
Инфо на 071/451-633 или 070/213-471
ПРВ ДЕН - 05.12.2025 (ПЕТОК)-Скопје-Атина
Состанок на групата во 20.00 часот пред хотел Русија. Поаѓање за Атина во 20.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
ВТОР ДЕН - 06.12.2025 (САБОТА)-Атина
Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место.
Сместување во хотел. Слободно попладне.
Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН - 07.12.2025 (НЕДЕЛА)-Атина-Пелопонез
Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон…
Вечерта слободно време за индивидуални активности.
Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН - 08.12.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) -Атина-Сунион-Скопје
После појадокот напуштање на собите и се упатуваме на излет кон Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По завршување на екскурзијата, патот го продолжуваме кон Македонија Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 09.12.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Автобуски превоз -Сместување во Хотел 3*, на база 2 ноќевања со појадок-Панорамски разглед со водич-Туристички придружник за време на целото патување-Организиран превоз Кочани,Штип и Велес
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Патничко осигурување- (200 мкд)-Посета на Пелепонез (Нафплио, Епидариус и Микена)- 45е *Влезниците за Епидариус и Микена не се вклучени во пакетот (Епидариус 12е и Микена 12е)-Посета на Пиреја и Сунион- 30 евра-Влезница за Акропол со локален водич- 40 евра (разглед со локален водич)-Туристичка такса- 5 евра од лице-Пакет - (Пелепонез,Пиреја, Сунион и Акропол)- 90 евра-Индивидуални трошоци-Доплата за синг соба 60 евра за две вечери -За деца до 2.99 години- 50 евра за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.
- За деца од 3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман
НАПОМЕНА
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
-За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
-Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
-Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
-Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
-За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А СУПЕР ТРАВЕЛ