СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 🍁ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА 2025🍂 - 23-Октомври - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ 🚌 - Едипсос Евија со Атина 23ти Октомври

Едипсос Евија со Атина 23ти Октомври

Едипсос Евија со Атина 23ти Октомври 
Edipsos Evia Grcija
Откријте го шармот на Евија оваа есен! Лутра Едипсос ве очекува со своите прочуени термални извори, релаксирачка атмосфера и можност за совршен викенд одмор. Октомври е вистинското време да уживате во морето, топлите бањи и шеталиштата исполнети со духот на Медитеранот!

Програма на патување

1. Ден 23.10.2025 (четврток) СКОПЈЕ – ЛУТРА ЕДИПСОС 
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во 00.30 часот. Поаѓање за Евија во 01.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица - Евзони со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Во утринските часови пристигнување местото Глифа. Качување на брод – траект кон островот Евија, патувањето трае 30мин. Пристигнување во гратчето Лутра Едипсос и сместување во хотел. Краток одмор од патувањето и заминување на пешачки разглед низ местото: 
Термалните извори кои се влеваат во морето
Хотел Thermae Sylla 5*
Променадата и центарот
Марината
Слободно време за индивидални прошетки, можност за ручек во некоја од традиционалните грчки таверни поставени долж морето. Вечера. Ноќевање.

2. Ден 24.10.2025 (петок) ЕДИПСОС – АТИНА – ЕДИПСОС 
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на лулката на демократијата и главниот град на Грција, Атина. Рано наутро поаѓање кон Атина, бродски превоз со траект од Едипсос до Аркица, пристигнување во Атина претпладне, состанок со локалниот водич кој ќе не запознае со Атина преку панорамски разглед на градот со автобус: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Панорамскиот разглед завршува кај Акропол, можност за индивидуална посета со водичот на Акропол со доплата на лице место. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи низ Атина. Враќање кон Едипсос преку мостот кај Халкида, главниот град на островот со автобуски превоз по должина на островот. Пристигнување во хотелот во Едипсос. Вечера. Ноќевање. 

3. Ден 25.10.2025 (сабота) ЕДИПСОС – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС 
Појадок. Ден предвиден за индивидуални активности и прошетки или можност за полудневна посета на местото Прокопи, познато по манастирот посветен на Св. Јован Руски. 
Поаѓање: 10:00
Возење проследено со прекрасни пејсажи на островот Евија
Влегување во централниот дел на Евија, предвидено време на пристигнување: 11:30
Посета на црквата Св. Јован Руски. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, заради што манастирот годишно привлекува голем број на верници. Од левата страна на црквата има одел каде е ременот на светиот Јован Руски. Посетителите имаат можност да го стават ременот на себе, се верува дека има исцелителни моќи.  
Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири. 
Пауза за одмор и релаксација до предвиденото време за поаѓање во 14.00 часот
Враќање во Лутра Едипсос, можност за користење на природните базени на отворено со минерална вода кои се влеваат во морето. Вечера. Ноќевање. 

4. Ден  26.10.2024 (недела) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ   
Појадок. Напуштање на собите според хотеското правило. Слободно време за индивидуални прошетки до времето предвидено за заминување кон Македонија. Во договор со водичот заминување кон пристаништето Агиос Кампос. Качување на брод траект до Глифа. Патувањето продолжува кон Скопје со кратки попатни паузи за одмор, фришоп и обавување на царински формалности, планирано пристигнување во вечерните часови.

ПРОМО цена за пријави до 25.09.2025 – 189€ / 11.718 денари
Редовна цена на аранжманот 209€ / 12.958 денари
Цени по лице за најмалку 2 лица во соба
Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

Во цената на аранжманот е вклучено: 
- Превоз  со туристички автобус на наведената релација;
- Сместување во хотел  Mitho  3* во центарот на Едипсос во 1/2 и 1/3 соби со поглед кон море на база 3 ноќевања; 
- Исхрана на база полупансион (појадок шведска маса и вечера сет мени) 
- Превоз со брод траект на релација Глифа – Евија – Глифа;
- Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено: 
- Патничко и здравствено осигурување 
- Туристичка такса 5еур од соба од ноќ (доплата на лице место)
- Факултативна посета на Прокопи - 15€ (доплата на лице место)
- Факултативна посета на Атина со локален водич - 40€ (доплата на лице место)
- Индивидуални неспоменати трошоци
- Доплата за еднокреветна соба 60€

Напомени: 
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативата или истата да ја откаже. 
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија