КАПАДОКИЈА 08.10.2025

Ако постои бајка за магична земја од глина,веројатно ќе изгледа како Кападокија.Регионот е во централна Турција и е познат по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилиштa. Вулканските ерупции и ерозијата, десеттици милиони години ги создавале овие пејасажи, кои изгледаат како природата да си поиграла со магично стапче!

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 20.09 – 198евра ( 12,280ден)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 250евра ( 15,500ден)

Прв ден 08.10.2025 (среда)

Поаѓање околу 13:00 часот од Скопје.Попатно зимаме патници од Скопје,Велес,Св.Николе,Штип,Кочани,Виница,Каменица,Делчево.  Патуваме преку Република Бугарија, со попатни паузи и царински формалности.

Втор ден 09.10.2025 (четврток)

Пристигнување во Анкара. Обиколка на Анкара која што е вклучена во цената и посета на мавзолеот на Ататурк (таткото на модерна Турција). Анкара во Турција е место кое задолжително треба да се посети кога патувате во Турција. На модерниот град Анкара е добро познат по своите музеи и антички локалитети. Потоа се упатуваме кон Соленото Езеро TUZ GOLU единствена атракција во Европа, ако имаме среќа може да ги видеме и фламингосите кои што се појавуваат од време на време. После посетата на соленото езеро се упатуваме кон подземниот град Кајмајкли – најголемиот во Кападокија, кој веројатно настанал кон крајот на осмиот милениум п.н.е. Достигнува длабочина од околу 80 м и се состои од станбени и јавни простории вкопани во вулканските карпи на неколку нивоа од поврзани тунели. Сместување во хотел*** во областа Кападокија. Вечера во хотел. Ноќевање.

Трет ден 10.10.2025 (петок) 
Факултативно и со дополнителна наплата, лет со балон над Кападокија (настанот се одржува рано наутро околу 05.30 часот. Цената вклучува трансфер, шампањ, осигурување и сертификат. Кападокија се смета за најимпресивно и највозбудливо место за летови со балон). Факултативно, можете да изберете и трансфер до аеродромот од каде што полетуваат балоните(15евра) тоа е околу 04:30 сабајле. Враќање во хотел и појадок. Посета на Долината Ѓореме (УНЕСКО), прошарана со карактеристичните карпести пирамиди на цела Кападокија и неколку цркви врежани во карпите од првите христијани кои се населиле во областа за време на Римското Царство – Црквата со јаболкото, Црквата Света Варвара итн. Заминување кон градот Учисар со неговата тврдина, од која човечкиот поглед може да ја опфати целата магија на околниот пејзаж. Враќање во хотел. Факултативно и со дополнителна надокнада, посетете ја претставата „Вртливи дервиши“. Вечера во хотел. Факултативна ноќна тура со посета на еден од најголемите градови во регионот – Аванос и областа „Трите убавици“. Ноќевање.

Четврт ден 11.10.2025 (сабота)
Појадок. Факултативна посета на една од најатрактивните долини Ask Validesi (долина на љубовта) и посета на градот Орта Хисар.Слободно индивидуално време. Потоа враќање во хотел. Вечера. Факултативно посета на претстава со ориентални танчери во традиционален ресторан „Јашар Баба“ со неограничена консумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци, турски грицки и овошје. Ноќевање.

Петти ден 12.10.2025 (недела)

Појадок. После појадокот се упатуваме кон Македонија. Со попатни паузи и царински формалности.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Превоз со високо туристички автобус;
• 3 ноќевања со појадок и вечера во хотел со 3 ѕвезди во Кападокија;
• Фото пауза и посета на Тузѓол или Соленото Езеро;
• Панорамска тура низ Анкара со посета на Мавзолејот на Ататурк;
• Панорамска тура низ Кападокија;
• Богата туристичка програма по должината на рутата;
• Водич-придружник;
• Здравствено осигурување;
•Во текот на патувањето бесплатна вода и кафе.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Автентичен дервишки ритуал со танц Сема – 30 евра;
• Трансфер до летачките балони – 15 евра;
• Возење со балон над Кападокија – околу 240 евра од лице
•  Посета на подземниот ресторан „Јашар Баба“ со богата фолклорна програма
(Менито вклучува овошни салати, јаткасти плодови и пијалоци, локално производство неограничено) – 40 евра,
деца од 5 до 11,99 години – 25 евра;
•  Ноќна тура низ градот Аванос – 10 евра;
• Полудневна тура со посета на долината на љубовта „Ask Validesi“ и градот Орта Хисар – 10 евра;
• Музејски такси – таксињата се најавуваат за време на патувањето според курсот на турската лира;

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија