К А В А Л А -24.08.2025

ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ЗА
КАПЕЊЕ И УЖИВАЊЕ во
К А В А Л А
24.08.2025

 

Поаѓање од Кавадарци во 05.00 часот за Грција. Пристигнување околу 11.00 часот во  Кавала еден од најубавите грчки градови, кој многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен према морето, сонцето и кон месечината. Слободно време за капење и уживање на долгата песочна плажа (Rapsani beach) и кристално чистото море, со голем број на ресторани, барови, продавници. Во слободното време  можност за прошетка во стариот град,  тврдината, Имаретот изграден во 1817 г – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил роден во 1769 Мехмед Али – основачот на Египетската династија, како и симболот на Кавала – Аквадуктот изграден од Сулејман Величенствениот. Попладнето околу 19.00ч. по грчко време заминување за Македонија, и пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА:   1350  денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

– превоз со туристички автобус на наведената релација

– организација на екскурзијата

 

Во цената не е пресметано:

–  патничко здравствено осигурување 

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија