Тиват -28.08.25

Тиват за продолжен викенд

28.08-31.08



Доколку сте личност што сака да истражува, да посетува различни места, градови, плажи, да оди на крстарење, на овој активен одмор нема време кога да ви биде здодевно, бидејќи агендата е целосно пополнета. Ова лето за прв пат ја реализиравме оваа програма на 7 ноќевања и сите патници беа задоволни, па затоа одлучивме да ги искористиме продолжените викенди ова лето.


Хотел Камелија со 2* се наоѓа на сама плажа, на 20 минути пешачење до Порто Монтенегро и 30 минути до шеталиштето во Тиват.
Објектот нуди сместување со градина, бесплатен приватен паркинг, ресторан, 2 базени со лежалки, бар кој е наменет за гостите и приватна плажа со сопствени лежалки (со доплата). Сместувањето е во бунгалови.

 

ЦЕНИ И ТЕРМИНИ

28.08-31.08 – 199 евра (12,340мкд) во соба со брачен кревет /189 евра  (11.720мкд)со единечни кревети

06.09-08.09– 159 евра (9.860мкд) во соба со брачен кревет/149 евра (9.240мкд) со единечни кревети

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

*Превоз на наведената релација Скопје- Тиват -Скопје (со поаѓања од Кочани, Штип, Велес)

*Сместување во х.Камелија на база 3 ноќевања со појадок и вечера за 28.08  и 2 ноќевања со појадок и вечера за 08.09

*Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

*Факултативни излети (Крстарење-35 евра, Дубровник-45 евра, Котор-15 евра) Пакет 80 евра

*Туристичка такса 1, 5 евро од ден (се плаќа во агенција) 

 

 

28.08-31.08-  ПРОГРАМА

 

Ден 1-28.08.2025

Тргнување од Кочани, Штип, Велес, Скопје во вечерните часови. Ноќно возење преку Косово и Албанија со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности.

Очекувано пристигнување во утринските часови. Сместување во хотел и одмор на локалната плажа.

Вечера. Запознавање на групата заедничка прошетка во центарот на Тиват и луксузното Порто Монтенегро. Ноќевање.

Ден 2-29.08.2025 Тиват-Дубровник

Појадок и потоа се упатуваме на целодневна факултативна екскурзија во Дубровник кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавото Јадранско море… Слободно време за капење или истражување на градот. Враќање во хотел. Вечера, слободно време за одмор. Ноќевање.

Ден 3-30.08.2025 – Крстарење и вечерна прошетка во Котор.

Појадок. После појадокот се упатување на факултативно крстарење се посетува Сината пештера како место за уживање и релаксација. Ова место, достапно само со брод, е познато по кристално чистата сина вода што ја опфаќа пештерата.  Поминуваме низ најтесниот дел на заливот, Вериге, каде што непријателските бродови застанувале со синџири и го продолжуваме нашето патување по заливите Тиват и Херцегнови. Оваа турнеја ќе ве однесе и до озлогласениот остров Мамула, поранешен затвор. Вашиот поглед ќе ја заледи крвта во вените од една страна, а од друга ќе бидете занеси од природната убавина. Слободно време од 2.5часа за бањање на плажата Зањице. Враќање во хотел, слободно време. Вечера.

После вечерата се упатуваме на факултативна посета и прошетка во Котор.

Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, која е повеќе од три века постара од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола и да уживате во прошетката низ стариот град.

Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 4-31.08.2025- Тиват-Скопје

Појадок. Напуштање на хотелот и поаѓање за Македонија. Очекувано пристигнување во вечерните часови.

 

 


 

НАПОМЕНА:

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
-Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
-Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
-За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА Супер Травел.

 

 

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија