СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 🤽 🤽ЛЕТО 2025🏊‍♂️ 🏄‍♂️ - ☀️🌊ИТАЛИЈА / ЛЕТО - Тоскана, Чинкве Тере и Виареџо

Тоскана, Чинкве Тере и Виареџо

Програма на патување:

1. ден – 31.07.2025 (четврток) СКОПЈЕ 
Состанок на групата во 10.30 часот (претпладне) на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Италија во 11.00 часот. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. За време на патувањето следува интерактивен автобуски квиз, преку кој ќе се забавуваме, ќе учиме и ќе доделиме награди на најбрзите и најточните патници.

2. ден – 01.08.2025 (петок) БОЛОЊА - МОНТЕКАТИНИ 
Во раните утрински часови (во зависност од границите) пристигнување во Болоња. По пристигнувањето следи пешачка прошетка низ градот и запознавање со Универзитетска Болоња, величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун... Болоња го носи епитетот – учена, црвена и дебела... учена заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и  врвна Болоњска кујна. Патувањето продолжува кон Монтекатини. Пристигнување околу пладневните часови и сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето и индивидувални активности. Вечерна прошетка низ центарот на Монтекатини Терме, Пјаца дел Пополо, Терме дел Тетучо, Монтекатини Алто.. Ноќевање.

Видео презентација - Монтекатини

3. ден – 02.08.2025 (сабота) ЧИНКВЕ ТЕРЕ – ПИЗА 
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на италијанската ривиера, посета на националниот парк Чинкве Тере. Пристигнување во градот Ла Специја од каде со во воз на Трен Италија ќе се движеме цел ден долж лигурската обала низ петте селца. Чинкве Тере e низа од пет стари рибарски села, сместени високо на италијанската ривиера во регионот Лигурија кои до неодамна беа поврзани само со мазги и достапни само со железница или по воден пат. Пешачење по ова живописно крајбрежје е најдобриот начин да се истражат петте села: Riomaggiore, Manarola, Corniglia, Vernazza и Monterosso. Националниот парк Чинве Тере е познат по својата убавина. Со векови, луѓето тука граделе тераси за одгледување винови лози и маслинки на грубиот, стрмен терен, долж карпите од каде се издигаат заносни панорами кон Средоземното Море. Воодушевувачките погледи на пристаништата далеку под дивото, но гостопримливо крајбрежје, заедно со средновековните тврдини и изобилството на винова лоза и живописни бои го прават овој регион незаборавен. По разгледот враќање во Ла Специја од каде се упатуваме кон попатна посета на Пиза. Прошетка по еден од највеличенствените плоштади во Италија – Piazza dei Miracoli или Плоштадот на Чудата, заедно со Катедралата Il Duomo, Крстилиницата Свети Јован San Giovanni и познатиот симбол на Пиза, Кривата кула. Слободно време за индивидуални активности, прошетки и фотографирање. Враќање во хотел. Ноќевање.

Видео презентација - Чинкве Тере 

4.ден 03.08.2025 (недела) СИЕНА – САН ЏИМИЊАНО 
Појадок. Ден предвиден за факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, веројатно најубавиот средновековен град во Италија, вечниот ривал на Фиренца. Срцето на Сиена е нејзиниот централен плоштад Il Campo, познат по трките со коњи Palio кои тука се одржуваат два пати годишно. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni  и плоштадот..  Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во договорено време патувањето го продолжуваме кон Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско ридско градче, лоцирано југозападно од Фиренца. Опкружен со ѕидови од 13от век, неговиот стар град е лоциран на Piazza della Cisterna, триаголен плоштад обиколен со средновековни куќи. Градот на Убавите кули од 1990год. заради своето богато историско и културно значење е под заштита на УНЕСКО. Сан Џимињано им нуди на посетителите можност да се вратат назад во времето додека уживаат во неговите локални производи, вклучувајќи шафран, одлично црвено и бело тосанско вино и оригинални тоскански десерти. Слободно време за индивидуални прошетки.. По завршување на разгледот враќање во хотел. Слободна вечер за уживање низ Монтекатини Терме. Ноќевање. 

Видео презентација - Сиена и Сан Џимињано 

5. ден – 04.08.2025 (понеделник) ДЕН НА ПЛАЖА ВО ВИЈАРЕЏО 
Појадок. Гратис ден на море и плажа во Вијареџо – 10 км долга песочна плажа на Тиренско Море, познат како „Фиренца на море“. Слободно време за бањање, сончање и индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

6. ден – 05.08.2025 (вторник) ФИРЕНЦА 
Појадок. После појадокот заминување за посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца: црквата Санта Кроче, Плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, Крстилницата Сан Џовани… По разгледот оставаме доволно слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, можност за посета во некои од музеите, дегустаија на локални производи во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во договорено време поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.  

7. ден – 06.08.2025 (среда) СКОПЈЕ
Пристигнување во попладневните часови.

ПРОМО ЦЕНА со пријава на пакет екскурзии: 239€/12.338 мкд
Редовна цена на аранжманот: 279€/15.438 мкд
(уплата во денари по курс 1€ = 62 мкд; по лице за најмалку 2 лица во соба)

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Автобуски превоз со високотуристички автобус
• 4 ноќевања со појадок во хотел 3* во Монтекатини
• Организирана посета на Болоња и Пиза 
• Организирани разгледи според програмата
• Туристички придружник
• Бесплатен трансфер од Неготино, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Туристичка такса во хотел (3€ по лице од ноќ)
• Патничко осигурување
• Чинкве Тере: 60€
• Сиена и Сан Џимињано: 50€
• Фиренца: 30€
Промо пакет факултативи: 130€ наместо 140€!

Важни напомени:
• За ова патување потребен е биометриски пасош со валидност од минимум 6 месеци
• За резервација потребен е 30% депозит 
• Можност за избор на седиште со доплата (минимум 2 седишта) 
• Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица
• Доплата за еднокреветна соба: 80€
• Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
• Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
• За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата или промена на цената. 
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
• Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.  
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија