Кенија Сафари & Плажа
5. септември 2025. - 15. септември 2025.
11 дена - 8 ноќи
Сафари во Кенија е искуство кое се наоѓа на bucket листата на секој светски патник. Патуваме во срцето на Африка, во земја каде што границите на активните и динамичните градови се влеваат во огромните савани.
Нашата авантура ја започнуваме во Најроби (Nairobi) главниот град на Кенија. Се движиме по бучни шарени улици, чиј заштитен знак се матату -- градски автобуси со колоритен дизајн. Најроби е можеби единствениот главен град во светот кој се граничи со национален парк, кој е дом на зебри, жирафи и други животни. Во Најроби имаме и прилика да се дружиме и да храниме жирафи во посебен центар кој се грижи за овие фасцинантни животни.
Авантурата ја продолжуваме на сафари во еден од најпознатите национални паркови во Кенија и #целсвет -- Tsavo East. Со нашите камери ја "ловиме" големата петорка на Африка - лав, слон, бивол, леопард и носорог. Се дружиме со автентични африкански племиња и го набљудуваме суровиот синџир на исхрана во дивината на африканската савана -- буквално како да сме во емисија на National Geographic!
Нашата незаборавна авантура ја зачинуваме со најубавата плажа во Африка -- Diani Beach. Засолнети од сенката на кокосовите палми ги сумираме впечатоците од досегашната авантура... Авантура која многу малку луѓе имаат прилика да ја доживеат!!
Мама Африка Ве повикува!!
САФАРИ ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ
Дводневно сафари во Националниот парк Цаво Исток -- еден од најдобрите Национални паркови во Африка! Според многу сафари експерти најдоброто место на #целсвет за сафари. Каде се снимаат документарците што ги гледаме на National Geographic. Природно живеалиште на илјадници животни како лавови, леопарди, нилски коњи, слонови, жирафи и разни видови на шарени птици.
Рута
Скопје
Софија
Доха
Најроби
Цаво Исток
Диани
Момбаса
Најроби
Софија
Скопје
- Превоз
- Авион, Локален трансфер, Воз
- Сместување
- Хотел, Камп, Вила
- Организатор
- ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
- Дестинации
- Африка, Кенија
- Код на патување
- KE4
- Тежина
-
- Погодно за деца
- Не
Планот и програмата важи за следните поаѓања 5. 9. 202522. 9. 2025
Состанок на патниците и трансфер до аеродромот во Софија, Бугарија. Попладневен лет од Софија за Најроби со преседнување во Доха (Qatar Airlines). Авантурата може да започне!
Превоз
- Трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Софија.
- Авио билет со сите такси на релација Софија - Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
Пристигнување во Најроби во утринските часови. Трансфер до сместување. Hello Mama Africa! Најроби е главен град на Кенија, кој се наоѓа во срцето на Кенија. Модерен, урбан град, кој во своето јадро има интересна историја и богата традиција на африканскиот народ. Град кој се чини дека никогаш не спие, полн со енергија и комбинација на различни култури. Слободно време да се одмориме и да го разгледаме градот!
Превоз
- Авио билет со сите такси на релација Доха - Најроби (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
- Трансфер од аеродром до сместување
Сместување
Ibis Styles Westlands Nairobi 1 ноќ
Место
По појадокот одиме на факултативен излет и авантура низ Најроби! Ќе ја посетиме зградата на Парламентот, популарниот пазар Масаи и модерниот дел од градот, како и поглед на градот Најроби! Авантурата ја завршуваме со посета на Центарот за жирафи. Центар во кој можете да ги храните и галите жирафите. Koj е за селфи со жирафа :)?
Сместување
Ibis Styles Westlands Nairobi 1 ноќ
Место
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Денот го започнуваме сo утрински трансфер до Националниот парк Цаво. Од железничката станица во Наироби се качуваме на воз и тргнуваме кон НП Цаво Исток. Долго очекуваната животна авантура започнува! Се сместуваме во нашиот камп започнува првото сафари возење! Цаво е познат по најголемата концентрација на диви животни - зебри, слонови, носорози, големи мачки, како лавови и леопарди. Ќе имаме можност да го запознаеме животинскиот свет на Африка. Ќе имаме прилика да ја запознаеме африканската дивина којашто сме ја замислувале целиот живот, вистинската савана по која непречено и гордо шетаат слонови, лавови, гепарди, биволи, жирафи, носорози, нилски коњи, леопарди, крокодили, антилопи, дик-дик елени и многу други животни.
Превоз
- Локален трансфер од сместување до железничка станица
- Трансфер со воз од Наjроби до НП Цаво
Сместување
Lion Hill Lodge 1 ноќ
Место
Храна
- Полн Пансион (Појадок, ручек, вечера) × 1
Факултативни излети
По напуштање на сместувањето ја продолжуваме нашата авантура со уште еден сафари излет. Пробуваме да забележиме уште некое егзотично животно или да се сликаме со по некоја газела. Се поздравуваме со кралот на џунглата и продолжуваме кон легендарните плажи на Диани. За време на трансферот се возиме низ живописната природа, пејсажи како документарец од National Geographic! Пристигнуваме во Дијани и се сместуваме. Ноќевање.
Превоз
- Трансфер од НП Цаво до Diani Beach со воз
Сместување
Bahari Dhow Beach Villas 1 ноќ
Место
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Слободно време за уживање во магијата на најдобра плажа во Африка! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерни излегување во некои од beach баровите.
Сместување
Bahari Dhow Beach Villas 1 ноќ
Место
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
По појадокот одиме во еден од највпечатливите градови во Кенија, Момбаса. Градот е втор по големина во Кенија и најголемото пристаниште, т.е. остров поврзан со копното преку мостови. Момбаса е секогаш интересна за посетителите поради нејзината секојдневна врева и весела атмосфера и поради своите културни и етнички разлики кои совршено градат хармонична целина. Градот со векови бил населен со народи од Блискиот исток и индуси, и поради тоа мнозинството од населението и припаѓа на исламската религија. Близината на националните паркови и руралните заедници му дава на овој град посебен шарм. Придружувани од локален водич, ќе ја посетиме фабриката за резба на дрва Акамба, како и Исусовата тврдина - Fort Jesus, изграденa во 16 век. Денес, зад овој вреден историски музеј, има еден прекрасен парк со поглед на океанот, каде што можете да слушнете интересни приказни од староседелците, под сенката на палмите. Попладнето се враќаме во сместувањето. Ноќевање.
Сместување
Bahari Dhow Beach Villas 1 ноќ
Место
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Дали сте спремни да одиме на островска авантура? Тргнуваме со брод од плажата Диани и се упатуваме кон песочната идила на островот Робинсон. Овој остров е тотално ненаселен а пред нас не очекува преубава недопрена природа и плажи. Го поминуваме времето во мирните и топли води на Иднискиот океан и уживаме на коралните плажи. Нуркаме во светот на коралите, морските сунгери а во меѓувреме не опкружуваат безброј егзотични риби. Ја завршуваме нашата морска авантура и се враќаме во сместувањето. Ноќевање.
Сместување
Bahari Dhow Beach Villas 1 ноќ
Место
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Авантурите низ осторвите во Африка не застануваат. По појадокот се упатуваме кон следниот идиличен остров Wasini Island. Тоа е мал остров во Индискиот океан, скоро на границата со Танзанија. До островот одиме со брод а по пат може да не пресретнат и поздрават неколку јата делфини. На овој остров нема никакви возила освен велосипеди а главната занимација на жителите е лов на риби и ракчиња. Нуркаме во прекрасните корални води и уживаме на плажите од корален песок. Се опуштаме во рајот на земјата.
Сместување
Bahari Dhow Beach Villas 1 ноќ
Место
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Го напуштаме нашето сместување и имаме трансфер до железничката станица во Момбаса. Не очекува неверојатно патување со воз низ Африка. Во Момбаса се качуваме на воз и се упатуваме кон Наjроби, главниот град на Кенија. Денот го поминуваме патувајќи со воз низ светот на кралот лав. Пристигнуваме во Најроби и имаме трансфер до аеродромот.
Превоз
- Локален трансфер од сместувањето до железничката станица во Момбаса
- Трансфер со воз од Момбаса до Наjроби
- Локален трансфер од железничката станица во Наjроби до аеродромот
Место
Храна
- Континентален појадок × 1
Лет до Софија, со преседнување во Доха. Пристигаме во Софија и имаме трансфер до Скопје. Крај на патувањето.
Превоз
- Авиобилет со сите такси на релација Најроби - Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Авиобилет со сите такси на релација Доха - Софија (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје.
Место
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Превоз
- Трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Софија.
- Авио билет со сите такси на релација Софија - Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Авио билет со сите такси на релација Доха - Најроби (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
- Трансфер од аеродром до сместување
- Локален трансфер од сместување до железничка станица
- Трансфер со воз од Наjроби до НП Цаво
- Трансфер од НП Цаво до Diani Beach со воз
- Локален трансфер од сместувањето до железничката станица во Момбаса
- Трансфер со воз од Момбаса до Наjроби
- Локален трансфер од железничката станица во Наjроби до аеродромот
- Авиобилет со сите такси на релација Најроби - Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Авиобилет со сите такси на релација Доха - Софија (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје.
Храна
7 × Континентален појадок , 1 × Полн Пансион (Појадок, ручек, вечера)Не е вклучено
- Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
- Електронска виза за Кенија