Да, Лион дефинитивно
вреди да се посети! Тој е трет најголем град во Франција со одлична комбинација
на историја, култура, гастрономија и архитектура.
Познат по своите живописни улички во стариот град (Vieux Lyon), Лион зрачи со
шарм и автентичност. Реките Рона и Сона му даваат посебна магија, а
панорамскиот поглед од базиликата Нотр-Дам де Фурвиер е незаборавен. Лион со
своите традиционални "бушон" ресторани е вистинска ризница на
француското наследство.
ЛИОН
Архитектура, гастрономија и романтика
Авион/ 3 дена/ 2 ноќевања
05. Јуни (Четврток) СКОПЈЕ
- ЛИОН
Состанок на групата
на Аеродромот во Скопје во 17:30 часот. Полетување
за Лион во 18:55 и слетување во 21:25 часот. Организиран трансфер до Хотелот и сместување. Ноќевање.
06.
Јуни (Петок) ЛИОН Историја, природа и гастрономија
Појадок. Прошетка
по старото
градско јадро (Vieux Lyon) заштитено од УНЕСКО, по калдрмисаните улици, покрај ренесансната архитектура и
скриените „traboules“ пасажи. Можнот за посета на Базиликата Нотр-Дам
де Фурвиер со прекрасна внатрешност и панорамски поглед на градот. Околината покрај римскиот амфитеатар е одлично место за сликање.
Прошетката продолжува до Паркот, еден од најубавите градски паркови во
Европа, со малото езеро и ботаничка градина. Препорачуваме
да се вкуси некој од локалните специјалитети, како што се quenelles,
andouillette и tarte à la praline. Ноќевање.
07. Јуни (Сабота) ЛИОН Уметност и
модерна страна - СКОПЈЕ
Појадок. Прошетка до
квартот Прескил, полн со шопинг улици,
кафулиња, ресторани и модерна уметност. Можност за посета на Музејот на фини уметности, „мал Лувр“, со богата збирка. Прошетката
продолжува до Place Bellecour, еден од најголемите
плоштади во Европа и Rue de la République, главната трговска улица. Confluence
District e модерна зона
каде што се спојуваат реките Сона и Рона, како пример за урбана реновација и
одржлив дизајн. Организиран трансфер до Аеродромот во Лион. Полетување за
Скопје во 21:55 и слетување во 00:20 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 349 евра (21.650 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
-
Авионски превоз на релација Скопје-Лион-Скопје со вклучени аеродромски такси
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
-
Трансфери во Лион од Аеродромот до Хотелот и обратно
- Сместување во Хотел 3* во централното подрачје во Лион на база 2 ноќевања
со појадок
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен
багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
- Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
-
Туристичка такса (се плаќа во хотелот)
-
Влезници во музеите и културно историските споменици
-
Карти за локален превоз
- Патничко – здравствено осигурување
НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15
патници
За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Пасошот
треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето