Вилата е лоцирана во мирниот дел на Сутоморе под магистралата, на 4-5 мин. пешачење од автобуската страница во Сутоморе, на 6-7 минути пешачење до најблиската плажа (градската плажа), и 10 мин. пешачење до центарот на Сутоморе. Во близина на вилата има 2 супермаркети. Вилата е нова градба и располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студија. Сите соби се комплетно опремени со сопствен тоалет, TV, Wi-Fi интернет конекција, клима (вклучена во цената).
Во вилата има две двокреветни соби кои немаат кујна односно располагаат само со бокал за кафе и фрижидер. Истите се продаваат за 5 евра поевтино од ноќ.
Вилата располага со сопствен паркинг за гостите за 12 возила.
Во вилата има можност да се нарача и храна на барање по желба на гостите.
АДРЕСА: КОСОВСКА 12
КООРДИНАТИ: 42.14238557750445, 19.042259769712487